Сојузот на синдикати на Македонија доставил нови докази до Основното јавно обвинителство кои ја потврдуваат кривичната пријава против техничката министерка и четворицата претседатели на гранкови синдикати и други засегнати лица за злоупотреба на службена должност и овластување, фалсификување службена исправа и неспроведување на постапка согласно Статутот на ССМ и деловникот за работа на Советот на ССМ. Кривичната пријава беше поднесена веднаш после разоткривање на обидот за насилни промени во раководството на ССМ на 13-ти минатиот месец, пишува Нетпрес.Во петокот, генералниот секретар на Сојузот на синдикати на Македонија обелодени на македонската јавност докази дека Живко Митревски ужива поддршка од 13 гранкови синдикати од вкупно 17 што претставува апсолутно мнозинство. Овие 13 синдикати потврдиле и писмено дека органите на ССМ немале седница со точка на разгледување за отповикување на легитимниот избран претседател.
13-те гранкови синдикати во рамки на ССМ испратиле писма во кои најодговорно тврдат дека во нивниот синдикат не била разгледувана иницијатива за отповикување на Живко Митревски како претседател на ССМ и дека нивните членови во Советот на ССМ воопшто не учествувале во работата нафамозниот Совет од 13.11.2016 на кој се фалсификувале исправи.
Истиот ден, на 2.12.2016 Сојузот на синдикати на Македонија поднел барање до Основното јавно обвинителство за постапување и дополнување на претходно поднесената Кривична пријава против техничката министерка и четворицата претседатели на гранкови синдикати и други засегнати лица за злоупотреба на службена должност и овластување, фалсификување службена исправа и неспроведување на постапка согласно Статутот на ССМ и деловникот за работа на Советот на ССМ. Кривичната пријава била поднесена веднаш после разоткривање на обидот за насилни промени во раководството на ССМ на 13-ти минатиот месец.
Кон ова барање приложени се 13-те писма на гранкови синдикати, кои вчера ги објави порталот Денешен во кои се тврди дека во рамки на нивните синдикати не е разгледувана иницијатива за отповикување на претседателот на ССМ, Живко Митревски и дека нивни членови не присуствувале на фамозната седница на 13 ноември на која наводно се одлучувало за отповикување на Митревски.
Исто така, таква иницијатива како што е наведено во барањето до ОЈО, не е разгледувана во рамки на Секцијата на млади и Секцијата на жени при ССМ иако и тие учествуваат во работата на Советот на ССМ.
Со тоа, како што информираше вчера порталот Денешен, целосно е разобличена намерата на Фросина Ташевска Ременски за насилни смени во раководството на Сојузот на синдикати на Македонија во координација со четворица претседатели на гранкови синдикати по што останува надлежните органи да ги превземат законските мерки за утврдување одговорност и санкционирање на учесниците.
Претседателите на четирите гранкови синдикати кои фалсификувале смена на Митревски важат за блиски до СДСМ и техничката министерка за труд и социјална политика. Истите преку ноќ газејќи ги статутарните процедури со фалсификат се обиделе да направат смени со поддршка на Ташевска Ременски која без комплетна документација потпишала решение за промена на легално избраниот претседател на ССМ.
Сојузот на синдикати на Македонија експресно реагираше при што поднесе кривични пријави против техничката министерка и четворицата претседатели на гранкови синдикат. Во Јавното обвинителство,според информации на порталот Денешен, кривичните пријави веќе се разгледувале и биле превземени првите мерки.
Предметот бил земен од Централниот регистар и е запрена постапката за упис на промените кои се направени во незаконска и легитимна процедура бидејќи постоеле основани сомненија за сторени фалсификати и незаконска работа.
Во овој случај, како што наведуваат наши извори, направени се повеќе кривични дела како:кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување и пречекорување на службеното овластување што претставува кривично дело утврдено во член 353 од Кривичниот законик, кривично дело договор за извршување казниво по член 393 и по член 394 зазлосторничко здружување од Кривичниот законик како и кривично дело фалсификат на исправисогласно член 378 од Кривичниот законик. За сторените кривични дела може да следи казна затвор и до 13 години.Во петокот, генералниот секретар на Сојузот на синдикати на Македонија обелодени на македонската јавност докази дека Живко Митревски ужива поддршка