Американските власти во повеќе медиуми сооптија дека САД има докази дека со сигурнсот постои хемискоо оружје во неколку преградија на Дамаск. „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори во администрацијата на претседателот Барак Обама, објави дека доказите кои САД ги поседуваат ќе бидат објавени за јавноста.
„Администрацијата планира да ги објави доказите, веројатно уште в четврток“, пишува весникот.
Четврток е денот кога се очекува да започне и нападот врз Сирија, според претходни информации направени достапни за јавноста од администрацијата на Обама. Според весникот, Обама ја исклучил можноста дека бунтовниците кои повеќе од две години се борат против режимот на сирискиот диктатор Башар ал Асад, се виновни за хемискиот напад.
Според американските инфорамции, само режимот поседува хемиско оружје и може да го употреби на начинот на кој беше употребено минатата недела.
Извори во администрацијата информираат дека САД веќе имаат прецизни податоци за текот на настаните во пресрет на нападот. „Вашингтон пост“, повикувајќи се на извори во администрацијата на претседателот Барак Обама, објави дека доказите кои САД ги поседуваат