Доколку често ви се чини дека ви ѕвони мобилниот, можно е дека ви е НАРУШЕНА психичката состојба!

Мобилните телефони може да предизвикуваат чудна психолошка состојба. Сѐ повеќе луѓе страдаат од чудни звуци коишто ги слушаат во главата.Научниците од Универзитетот во Мичиген го дефинираат статусот како еден вид на невроза предизвикана од страв, поради одредени звуци. Во конкретниот случај станува збор за чуден психолошки феномен предизвикан од мобилните телефони.
Научниците спроведоа истражување во кое учество зеле 411 студенти. Тие биле подложени на психолошки тест. Повеќе од половина потврдиле дека често слушаат фантомски сигнали од својот телефон. Во 75% од случаите тоа е звукот од вибрациите, следен е звукот за порака и овој за дојдовен повик.
Синдромот на фантомско ѕвонење е една од овие психолошки состојби, среќавани релативно често кај корисниците на мобилни телефони. Симптомите на оваа состојба се сведуваат на појава на аудитивни и моторни халуцинации, различни по фреквенција. Човекот останува со впечаток дека телефонот во џеб му ѕвони или вибрира, но ѕвонење всушност нема. Формирањето на овој тип психичко растројство се поврзува со честата употреба на мобилниот телефон, а неговата појава, според стручњаците, се зголемува во периоди на стрес.
Други, пак, ја објаснуваат појавата со електричната активност на мобилните апарати. Според австралиските научници, електричните сигнали предизвикуваат чувство за вибрација, бидејќи ги активираат периферните нерви. Според нив, чувството дека нешто вибрира во нашиот џеб не е плод на имагинацијата, туку биолошки процес. Но, дури и целосно здрав човек може да се излаже дека телефонот му ѕвони. Загрижувачко е кога тоа ќе почне да станува секојдневие.
Набљудувањата покажуваат уште дека учесниците коишто се силно подложни на влијанието на ова нарушување, се исклучително уверени во себе и се соочуваат со потешкотии во односите со околината. Мобилниот апарат ја отелотворува врската на човекот со општеството.
Стравот да бидат одбиени и желбата да имаат повеќе контакти со околината се пренесува и на социјалните мрежи, а и непрестаната желба да бидат барани и да им се обрнува внимание расте постојано. Во даден момент ,тоа може да доведе до реални психолошки отстапувања.Научниците од Универзитетот во Мичиген го дефинираат статусот како еден вид на невроза предизвикана од страв, поради одредени звуци. Во конкретниот

Пронајдете не на следниве мрежи: