Многумина луѓе ракот на белите дробови веднаш го поврзуваат со смртта, што на некој начин и е прифатливо, со оглед на големиот број на луѓе кои починале токму од оваа болест. Сепак, доколку се открие рано, ракот на белите дробови може да се излечи.Депресија и чести промени на расположението
Научниците кажуваат дека ракот на белите дробови може да предизвика депресија, анксиозност и чести промени на расположението. Во голем број на случаеви личностите кои патат од рак на бели дробови чувствуваат анксиозност, помалку енергија и напад на паника. Поврзаноста измеѓу ракот на бели дробови и промена на расположението на научниците за жал сеуште не им е позната.
Затоа, доколку почувствувате нагли промени на расположението, а не сте склони кон тоа, обратете се на лекар, за да откриете дали сте заболени токму од оваа болест.
Често заболување
Ако често сте болни, страдате од настинки, грип или бронхитис, причината може да биде ослабен имунитет но и рак на бели дробови.
Симптомите се слични на настинката, грипот и инфекциите. Единствената разлика е нивното траење. Имено, ако симптомите се присутни подолго време, треба да се обратите на лекар за да утврдите дали станува збор за рак!
Губење на апетитот и необјасниво губење на тежината
Ако константно слабеете без никаква причина и доколку храната која некогаш ви била вкусна сега ви е одбивна, важно е да ја откриете вистинската причина за тие промени.
Некои луѓе го губат апетитот и едноставно забораваат да јадат, некои брзо стануваат сити дури и по мали порции, а некои чувствуваат мачнина ако изедат премногу или јадат пребрзо. Ако овие симптоми не биле присутни претходно, побарајте помош од лекар!
Ракот на белите дробови може да предизвика губење на апетитот и слабеење поради разни фактори. Како што внесувате голем напор при дишењето, вашиот апетит може значајно да биде намален.
Ненормален раст на дојките кај мажите
Зголемувањето на дојките може да биде знак за сериозен здравствен проблем. Може да дојде до зголемување на само едната дојка. Ова зголемување може да се јави само на подрачјето кај брадавиците. Како се шири туморот така почнуваат да се ослободуваат разни хормони и останати супстанции кои по пат на крвотокот моѓат да го предизвикаат растот на градите. Ако го забележите ова веднаш одете на лекар! Можно е да биде поврзано и со дебелеењето но можно е и да имате сериозни здравствени проблеми.
Замор
Заморот исто така е еден од првите симптоми за рак на белите дробови. Потсеќа на она чувство во текот на грипот или настинката. Заморот е предизвикан од ракот не поминува без оглед на што и да преземете.
Супстанциите кои се ослободуваат и патуваат по пат на крвотокот влијаат на нивото на кислород во телото, и здравјето на црвените крвни ќелии, надбубрежните жлезди и останатите делови од телото кои се заслужни за производство на енергија.
Болни и задебелени прсти
Задебелувањето на прстите и болката може да се случи од повеќе причини, но најчестата причина е рак на белите дробови. Многу луѓе овие симптоми ги заменуваат со симптомите за артритис.
Прстите можат да бидат задебелени, и испод ноктите, а може и да чувствувате отеченост, црвенило или топлина.
Исто така може да почувствувате и дека сте ја изгубиле способноста на рацете.
Ракот на белите дробови предувикува отпуштање на разни супстанции во крвотокот, го поттикнува растот на ткивата на врвовите на прстите и под ноктите. Недостатокот на кислород во крвта исто така моѓе да ја ограничи циркучацијата во прстите.
Кратко издишување
Отприлика 15 % случаеви на рак на белите дробови биле непушачи, а главните предизвикувачи се изложување на загаден воздух, хемикалии и пасивно пушење. Иако недостатокот на здив е поврзан со разните други болести исто така може да биде поврзан и со ракот на белите дробови.
Ако се чувствувате како да не сте во форма, отежнато дишете, особено кога длабокот ќе вдишете и издишете обратете се веднаш на лекар!
Слабост во мускулите
Постојаното чувство на слабост во мускулите може да биде исто еден од знаците на рак на белите дробови. Слабоста во мускулите се јавува кога штетните супстанции почнуваат да патуваат низ крвотокот и доаѓаат до мускулите, Ако тие супстанции се прошират низ мозокот може да дојде до ослабнување на функциите на едната страна на мозокот.
Ако чувствувате дека морате да вложите повеќе енергија, чувстввувате замор и при најмали напори, обратете се на лекар за да дознаете дали боледувате од рак на белите дробови.
Болка во градите, рамената, грбот и абдоминална болка
Болката во градите се поврзува со срцев удар, но личностите кои не припаѓаат на ризичната група треба да посетат лекар кој ќе им каже дали боледуваат од рак на бели дробови. Дури и кај 1 од 4 личности болката во градите се јавува како прв симптом на рак на белите дробови.
Болката на подрачјето на грбот, рамената и вратот потсетуваат на болка во мускулите и напнатост. Ако константно чувствувате болка во подрачјето на рамената или грбот обратете се на лекар!Депресија и чести промени на расположението
Научниците кажуваат дека ракот на белите дробови може да предизвика депресија,



