Доколку ги имате ОВИЕ СИМПТОМИ, бремени сте!

Заморот е најчест знак на раната бременост, а тој е последица на многу промени кои се случуваат во телото.Раната бременост  најбрзо и најлесно се открива со помош на тест, но постојат и суптилни знаци кои ја издаваат бременоста, а најчести се болни и потечени гради, како и замор.
Замор
Заморот е најчест знак на раната бременост, а тој е последица на многу промени кои се случуваат во телото. Првите недели се важни за развојот на плодот, па телото е оптеретено до крајни граници. Доколку сомневате дека сте бремени, не пробувајте да се разбудите со додатна шолја кафе- направете тест.
Осетливост на мирис и вкусови
Мирисите кои не ви биле пријатни, како млекото или чадот од цигарите, ќе станат уште поодбивни. Познато е дека веќе во најраната фаза на бременоста сетилото за вкус станува изразено поосетливо, дури и на умерените мириси, како чај. Ако ви засмета мирисот на омилениот парфем, можете да претпоставите дека сте трудни.
Гадење и повраќање
Чувството на гадење и повраќање се сигурни симптоми за рана бременост. Ако до сега не сте се посомневале, време е да купите тест. За среќа гадењето престанува по 12-тата недела, но не значи дека сите жени ќе го осетат. По правило, гадењето е позитивна појава затоа што покаченото ниво на бета-HCG хормонот упатува на растот на ембрионот.
Осетливи гради
Ако градите почнуваат нагло да ви растат и стануваат болни на допир, тоа е чест показател дека сте бремени. До тие промени доаѓа во периодот од шест дена до шест недели од зачнувањето. Болните  и осетливи дојки се пред сѐ нормална и секогаш присутна појава во раната бременост. Ако жената е бремена повеќе пати, јачината на овие појави може да се раликува од бременост до бременост.Раната бременост  најбрзо и најлесно се открива со помош на тест, но постојат и суптилни знаци кои ја издаваат бременоста, а најчести се болни

Пронајдете не на следниве мрежи: