Не сакаме кога мораме да ви соопштиме лоши вести, но вашите гради неизбежно ќе се опуштат со текот на времето. Но, тоа може да се случи и многу побрзо доколку правите некои од овие работи.Одредени работи кои ги правиме можат да допринесат за спуштање и растегање на градите иако мислиме дека со тоа немаат никаква врска и затоа потребно е да ги избегнуваме.
Доколку се земе во предвид и неодамнешното истражување кое открило дека ткивото на градите старее две до три години побрзо од остатокот на телото, најдобро би било да ги избегнувате овие пет навики.
1.Престанете со брзите диети кои предизвикуваат нагли промени во килажата
Постојаното губење и враќање на истите неколку килограми нема да влијаат на вашите близначки, но поголема килажа сепак ќе влијае. Секој пат кога добиваме и губиме килограми ткивото на градите ќе се опушти, баш како хеланки кои постојано ги навлекувате и соблекувате.
2. Заборавете на цигарите
Дури ни вашите гради не можат да ги избегнат штетните ефекти на цигарите. Пушењето ја слабее и старее кожата намалувајќи го дотокот на крв кон површината на кожата.
3. Не ја прескокнувајте кремата за сончање
Изложување на лицето на штетни УВ зраци без заштита може да доведе до создавање брчки, а тие имаат негативен ефект на градите бидејќи го растегнуваат колагенот и ја оштетуваат кожата.
4.Носите градник без доволно поддршка
Било да се работи за градник од чипка кој го носите преку ден или спортски во теретана, доколку тој не ви пружа потребна поддршка градите дефинитивно ќе ви се опуштат. Колку повеќе градите имаат простор за подскокнување, толку повеќе ќе се оштети колагенот на кожата на градите.
5.Напорни тренинзи
Иако не постои голем број студии кои се занимавале со овој проблем, одредени експерти тврдат што честото повторување на одредени движења, како оние при трчање, можат да доведат до разложување на колагенот во кожата на градите.Одредени работи кои ги правиме можат да допринесат за спуштање и растегање на градите иако мислиме дека со тоа немаат