Доколку мислевте дека овие намириници се диетални, во заблуда сте!

Многу намирници се рекламираат како здрави и диетални, а всушност воопшто не се. Токому поради тоа често слушате како жени се жалат дека не можат да ослабнат, а за појадок секогаш јадат мусли и овошен јогурт.Погледнете за кои популарни намирници многумина мислат дека се здрави и диетални- а всушност се тотална спротивност.
Вода збогатена со витамини
Ваквите напитоци често се рекламираат како здрав додаток во исхраната, бидејќи содржат многу витамини, минерали па дури и влакна. Но, вистина е дека би требало да ги прескокнувате и да се придржувате кон обичната вода. Иако на табелите ќе прочитате дека содржат многу малку калории, овие напитоци често се прават со вештачки засладувачи, кои подеднакво се нездрави како обичниот шеќер. Покрај тоа, тука се и вештачките бои и ароми.
Овошен јогурт
Комбинацијата од здрав јогурт полн со пробиотици и свежо овошје- што тука може да биде нездраво? Жените кои се водат по оваа логика често прават голема грешка во исхраната, и купечките овошни јогурти ги конзумираат без ограничување, неретко со нив го заменуваат и свежтото овошје. За жал, вистина е дека во овие јогурти ќе најдете многу прости шеќери и непотребни калории. Многу подобра алтернатива е едноставно да си направите свој овошен јогурт во блендер- едноставно сипете јогурт, додедете го омиленото овошје и по желба додадете мед.
Плочки од житарици
Уште една популарна „здрава“ ужинка која всушост воопшто не здрава. Всушност, многу од овие плочки само малку ги дели од најобично чоколадо! Често на пакувањето ќе видите натписи „богато со влакна“ или „одличен извор на протеини“, но никој не е луд да нагласи на пакувањето „преполно со прости шеќери“. Доколку навистина сакате влакна и протеини, за ужинка изедете парче сирење и јаболко.

Намирници но 0 % масти
Намирниците без масти се вистинска лага за луѓето кои сакаат да ослабат, бидејќи мислат дека „без масти“ значи и „без калории“. Тоа доведува до претерување во конзумирањето на вакви намирници. Од друга страна, недостатокот на масти произведувачите често го надокнадуваат со додавање на непотребни шеќери – за вкусот да биде подобар. Подобро е да јадете намирници со масти, но да водите сметка за количината. Така барем ќе бидете свесни за тоа што го внесувате во организамот.
Мусли
Повеќето купечки мусли во една порција ќе ви дадат огромна количина транс масти и прости шеќери, кои често се доведуваат во врска со срцев и мозочен удар. Секако, тоа не ваши за сите купечки мусли, затоа е многу важно да обрнете внимание на табелата на пакувањето.Покрај сето тоа, порциите се често толку мали, па луѓето не се чувствуваат сито- и поради тоа подоцна грицкаат нездрави намирници, или додаваат уште мусли.
 Погледнете за кои популарни намирници многумина мислат дека се здрави и диетални- а всушност се тотална спротивност.
Вода збогатена

Пронајдете не на следниве мрежи: