Дојде непријатно време за апликациите за праќање пораки. Пред неколку дена откриено е дека порака со само неколку карактери може да ја онеспособи апликацијата iMessage на Ајфонот, а сега сличен проблем се случи и со Скајп.Доколку примите порака на Скајп со карактерите – http:/:- тоа ќе доведе до блокирање и гасење на програмата доколку работи на Windows, Android или iOS платформа.
Проблемот прв пат бил забелажан на форумите на Скајп, а компанијата на сите им го потврдила постоењето на оваа порака, и додала дека работи на решение.
Оваа порака е посебно иритирачка поради фактот дека корисниците не можат да се ослободат од нејзе дури и доколку ја избришат историјата на претходните разговори, што беше решение за проблемот кај Епл со ајфоните.
Скајпот по бришењето едноставно повторно ги повлекува податоците од своите сервери и кога програмата ќе се рестартира, тој повторно наидува на проблематични карактери и повторно блокира.
Едно можно решение за корисниците на Windows, иако не официјално, би можело да биде праќање пораки на лицата кое вам ви ја пратило пораката со проблематичните карактери да ја избрише. Потоа би требало да инсталирате постара верзија на програмата.Доколку примите порака на Скајп со карактерите – http:/:- тоа ќе доведе до блокирање и гасење на програмата доколку работи на Windows, Androi