Доколку пушите, се надеваме дека НЕ ГИ КУПУВАТЕ овие цигари!

Електричните цигари често се рекламираат како посигурна алтернатива од традиционалните тутунски цигари, но и тие претставуваат закана. Електричните цигари не се помалку штетни за здравјето на човекот од обичните, откри студија спроведена од тим научници од Харвард, пренесе АОЛ.Според студијата, дури 75 отсто од ароматизираните е-цигари и нивните течни полнења содржат диацетил, хемикалија која е поврзана со тешки болести на дишните патишта и предизвикува појава на брохиолитис облитеранс. Тоа е состојба која колоквијално е прогласена за „попкорн бели дробови“, бидејќи за прв пат се појавила кај работниците кои вдишувале вештачка арома од путер во фабрики за производство на пуканки за микробранова печка.
„Попкорн бели дробови“ е тешка респираторна болест која преидзвикува повреди на белодробните алвеоли и кои водат до тешко кашлање и губење на здивот. Слични симптоми имаат луѓето кои страдаат од хронични опструктивни белодробни болести.
Изненадувачки резултати
Со анализа на 51 различни видови на електрични цигари, авторот на студијата проф. Џозеф Ален и неговиот тим, откриле барем еден од трите најголеми токсини – диацетил, ацетоин и 2,3-пентанедион во 47 е-цигари.
Не само тоа: количеството на диацетил во 39 е-цигари било поголемо од она кое би можело да се детектира во лабораторија!
„Диацетилот и другите поврзани ароматизирачки хемикалии се употребуваат во многу ароми освен во пуканките со вкус на путер, како што се овошните ароми, аромите во алкохолните пијалаци и ароматизираните полнења за е-цигари“ – навел Ален.
Предизвикуваат низа респираторни болести
Со оглед на тоа што се релативно нова технологија, коавторот на студијата, проф. Дејвид Кристијани, предупредува дека „попкорн белите дробови“ се можеби најочигледната болест која им се заканува на корисниците на е-цигари.
„Бидејќи најмногу внимание се посветуваше на проучувањето на учинокот на никотинот врз здравјето, сѐ уште многу работи се непознати за е-цигарите. Освен никотинот кој предизвикува зависност, електричните цигари содржат бројни канцерогени хемикалии како што се формалдехидите, но и ароматизирани хемикалии кои може да предизвикаат сериозна штета на белите дробови“ – рекол Кристијани.Според студијата, дури 75 отсто од ароматизираните е-цигари и нивните течни полнења содржат диацетил, хемикалија која е поврзана со тешки болести н

Пронајдете не на следниве мрежи: