Доколку испиете кафе по вечерата, тоа може да го поремети вашиот внатрешен часовник кој е заслужен за циклусите за спиење и будење, покажало истражување спроведено на универзитетот во Колорадо.Испитаниците кои учествувале во истражувањето, а кои конзумирале доза кофеин еднаква на двојно еспресо три часа пред вообичаеното време за спиење, предизвикале поместување на внатрешниот часовник за 40-ина минути.
Значи, доколку испиете кафе навечер, освен што потешко ќе заспиете, ќе ви се промени ритамот по будењето. Само една доза кафе испиена навечер ќе има влијание на поместување на внатрешниот часовник, тврдат експертите.
Ова истражување е интересно бидејќи појаснува дека поради кофеинот во нашиот организам се зголемува нивото на цикличен АМР, а самиот кофеин се врзува со одредени рецептори во телото кои ги блокираат причинителите на поспаност.Испитаниците кои учествувале во истражувањето, а кои конзумирале доза кофеин еднаква на двојно еспресо три часа пред вообичаеното време за спиење,



