Верувале или не, човештвото знае многу малку за движењето на течностите. Меѓутоа, разбирањето на овој феномен е толку битно, така да доколку успеете да ја решите равенката која опишува што се случува со чадот од цигарите или кога се става млеко во кафе, можете да освоите милион долари, пишува „Business Insider“. Равенките Навиер-Стоукс се наоѓаат на листата на седум најважни отворени прашања во математиката на математичкиот институт Клеј, а решавањето на еден од овие проблеми со себе носи и награда од милион долари.
Овие равенки се еквивалент на Вториот Њутнов закон кога станува збор за флуидите. Вториот Њутнов закон опишува како предметите ја менуваат брзината кога врз нив дејствува некоја сила.
Слично на тоа, равенките Навиер-Стоукс претставуваат сет равенки што опишуваат како брзината на текот на флуидите се менува врз основа на силите во самиот флуид, како и врз основа на надворешните сили – како гравитацијата.
Овие равенки ја претставуваат сржта на тоа како функционира флуидот. Тие претставуваат главен математички модел за воздухот што струи по крилото на авионот, водата што тече од чешмата или чадот што се крева од огнот.
Погледнете ја прочуената загатка, која можат да ја решат само 2% од луѓето!
Голем број физички системи можат да бидат опишани со релативно едноставни математички диференцијални равенки како вибрациите на жиците на гитарата. Во овие случаи решенијата за моделите на равенките се познати. Меѓутоа, за комплицираните равенки, како Навиер-Стоукс, математичарите не можат да го најдат решението.
Всушност, сѐ уште не се ни знае дали постојат решенија за овие равенки што ќе ги опфатат сите можни почетни услови.Равенките Навиер-Стоукс се наоѓаат на листата на седум најважни отворени прашања во математиката на математичкиот институт Клеј, а



