Докторот Доналд Клајн (77), лекар за плодност од Индијана, ја користел својата сперма за да оплоди десетици пациентки без нивна согласност, но поради спогодба тој нема да помине ниту еден ден во затвор.Тој е обвинет дека е татко на најмалку осум деца од различни жени кои биле негови пациентки во текот на 70-тите и 80-тите години од минатиот век, но се верува дека е можно да има повеќе од 20 деца.
Клајн кој денес е во пензија, во четвртокот се појавил во судница и признал дека лажел во истрагата. Тој не е обвинет за оплодување жени со својата сперма затоа што не постои закон за тоа.
Сомнежите во поранешниот лекар за плодност започнале во 2015 година, кога кај едно од децата се откриени 8 ДНК сличности по што направил тест во генетичката компанија „23AndMe“.
Тие го упатиле на Клиниката за плодност во Индијанаполис во која работел Клајн.
Бидејќи тогаш се употребувала „жива“ сперма наместо смрзнати примероци, се поставило прашањето кој во близина би можел да има толку деца.
Кога започнала истрагата, Клајн тврдел дека нема врска со тоа, меѓутоа ДНК доказите го докажале спротивното. По тестирањата, Клајн признал дека ја употребувал својата сперма и тоа секој пат кога донорот бил недостапен.
Обвинителите тврдат дека Клајн ја употребил својата сперма над 50 пати.
Пензионираниот доктор ја признал вината, по што бил осуден на една година затвор, но пресудата била суспендирана поради спогодба, што значи дека докторот нема да заврши во затвор. Тој не само што успеал да го избегне затворот, туку нема да добие ниту условна казна.
Тој е обвинет дека е татко на најмалку осум деца од различни жени кои биле негови пациентки во текот на 70-тите и 80-тите години од минатиот век, н