Доктор од Токсикологија два пати прободен со нож

Лекар од Клиниката за токсикологија во Скопје денеска доцна попладне е прободен два пати пред својот дом, дознава Press24 од полициски извори. Според се уште неофицијалните информации, лекарот бил прободен во стомакот и во слабината. По нападот веднаш бил префрлен во болница. Според последните информации од таму, тој се наоѓа надвор од животна опасност но лекарите се уште ги санираат повредите, за кои не може да се добие официјална информација од каква природа се.Од МВР официјално не може да се добие никаква информација.Се уште не се знае ниту идентитетот на напаѓачот или напаѓачите ниту пак кои се мотивите за овој напад.Од Министерството за здравство во кратка изјава за медиумите го осудија нападот.
„Во врска со информацијата за напад на доктор на Клиника за токсикологија, Министерството за здравство најостро осудува физички напад врз докторите и апелира за целосно расветлување на случајот од надлежните институции.
Истовремено, потсетуваме дека токму за надминување вакви негативни појави, во тек е кампања “Стоп за насилство на докторите”, што ја реализира МЗ заедно со Лекарската комора на РМ.
Повторно апелираме дека докторите во ЈЗУ како и целокупниот медицински персонал вршат хумана дејност и таквиот однос кон нив да биде најостро санкциониран.“ – велат од Министерството за здравство.Според се уште неофицијалните информации, лекарот бил прободен во стомакот и во слабината. По нападот веднаш бил префрлен во болница. Според послед

Пронајдете не на следниве мрежи: