Оваа жена има голем проблем. Дознајте како нејзиниот доктор и помогнал.Една очајна жена испратила писмо до нејзиниот доктор, бидејќи многу и недостигало секс. Еве го прашањето и одговорот на нејзиниот доктор .
Прашањето: „Мојот сопруг и јас сме во брак 26 години, но во последните шест години не сме имале секс, или било која друга форма на интимност. Не можам да го убедам да зборуваме за тоа. Се обидувам да го натерам на секс со закани дека ќе го изневерам, но тоа ништо не вреди. Можете ли да ми помогнете? “
Одговорот: „Ниедно отфрлање не е толку катастрофалнио како кога лежите покрај некој кој некогаш ве посакувал, а сега веќе и не сака да има секс со вас. Не е чудо што се чувствувате отфрлени.
Сепак, постои погрешно мислење кое е широко прифатено, а тоа е дека со возраста, само на жените може да им се случи да се изгубат интерес за секс. Истражувањата покажаа дека ова се случува, па дури на 15 отсто од мажите.
Но, мажите не сакаат да зборуваат за нивните интимни проблеми, и често страдаат од внатре во самотија, не сакајќи да се откријат нивната болка на никого, дури ни нанивниот партнер, кој страда заедно со нив.
Некој мора да го пробие тој молк. Морате да бидете брутални, на некој начин. Кажете му на вашиот сопруг дека ако тој несака да побара решение, ќе си најдете љубовник и дека тој мора да ви каже, зошто не сака да има повеќе секс со вас.
Но, вие треба да сте подготвени. Некои мажи велат дека веќе не ги привлекува партнерката, дека накачила килограмите и станала здодевна во кревет. Понекогаш тие имаат проблеми со алкохолот или дрогата и порнографијата.
Можно е вашиот брачен другар да е во депресија или има еректилна дисфункција. Можеби бил дури и злоупотребуван во детството и траумата од детството повторно проработела.
Ако сè уште не сака да зборуваат за сексот, побарајте од него да се јави кај неговиот доктор, и ако и тоа не го сака, пред вас е одлуката дали да побарате исполнување на друго место. Имајте на ум дека нема добар сексуален однос без емотивна врска. Морате сами да одлучите за себе.
Некои луѓе можат без секс, додека други веруваат дека без него се лишени од сите задоволства во животот. “Една очајна жена испратила писмо до нејзиниот доктор, бидејќи многу и недостигало секс. Еве го прашањето и одговорот на нејзиниот доктор .