Американската новинарка Александа Флеминг реши на светот да му раскаже за маките низ кои поминала нејзината ќерка. Со години погрешно била лечена нејзината 18-годишна ќерка. -Никогаш не постоеше очигледен симптом, ни точка ни осип кај мојата 18-годишна ќерка. Ништо не можеме да почувствуваме. Наместо тоа, во еден момент работата излезе од контрола и се појавија бројни проблеми. На крајот на мојата ќерка и беше утврдена лајмска болест. Со години докторите погрешно ја лечеа- објаснува мајката
Како последица од убодот на крлежот може да се јави Лајмска болест. Лајмската болест е мултисистемско заболување кое има субакутен и хроничен тек, а го предизвикува бактеријата Borrelia burgdorferi, која ја пренесува крлежот со својот убод на домаќинот.
Оваа болест погодува околу 300.000 луѓе годишно, а може да се излечи со антибиотици ако се открие на време.
Ако не, многу пациенти почнуваат да добиваат симптоми како што е замор, главоболка, болка во зглобовите, но и проблеми со помнењето.
-Нашите деца пораснаа во типично американско предградје и постојано си играа во двор и во парковите. Во второ одделение нашата ќерка започна да се жали дека не и е добро, а педијатарот тврдеше дека не и е ништо. Кога порасна сфативме дека таа слабо помни и на училиште покажува слаби резултати. А лекарите повторно тврдеа дека нема никаков проблем.
Беше спортист иимаше неколку повреди на зглобовите но беше и многу анксиозна, често и фалеше воздух и имаше болки во градите-раскажува.
-Ја водевме од лекар на лекар и ништо. Конечно еден лекар ни препорача да ја тестираме на лајмска болест, и нашата ќерка имаше позитивен резултат. Конечно го добивме одговорот, па започнавме да бараме специјалисти кои би можеле да ни помогнат. Почна да пие антибиотици. – раскажува загрижената мајка.
Оваа болест е скапа за лечење.
-Нашата ќерка е лута и разочарана што оваа болест и одзема многу нешта во животот.-додава. .-Никогаш не постоеше очигледен симптом, ни точка ни осип кај мојата 18-годишна ќерка. Ништо не можеме да почувствуваме. Наместо тоа, во еден момент



