На Денис Кларк (34) и се срушил целиот свет кога лекарите и дијагностицирале рак на грлото на матката во 2010 година. Тогаш ја испратиле на поагресивни третмани на радиотерапија, и и' кажале дека ја победила болеста. Меѓутоа во ноември 2011 година, и кажале дека има голем тумор во карлицата, и дека не постои начин да се оперира.- Кога го слушнав тоа си го подготвив сопствениот погреб и им напишав проштално писмо на своите синови. Срцето ми се кинеше на делчиња, но морав да го направам тоа – раскажува Денис, која во писмото на синовите им напишала да не бидат тажни и секогаш да се сеќаваат само на убавите моменти кои ги поминувале заедно.
Се чувствувала многу лошо, и како што вели, постојано се прашувала дали ќе почине дома или во болница.
А потоа, после цели 2 години агонија, докторите откриле во што е всушност целиот проблем.
Продолжува на следната страна:
Имено нејзините внатрешни органи биле целосно уништени поради радијацијата на која била изложена во текот на сите радиотерапии.
– Кога тоа ми го соопштија мајка ми почна да вреска плачејќи, а пак јас почнав да се смеам од што ми олесна – вели Денис.
Отишла дома и на своите деца им соопштила дека докторите погрешиле, и дека нема да умре.
– Лицата целосно им се изменија, почнаа да плачат и да скокаат. Не сакаа да престанат да ме прегрнуваат – раскажува Денис на која и паднало камен од срце, но како што вели изгубила неколку години од животот поради погрешната дијагноза.- Кога го слушнав тоа си го подготвив сопствениот погреб и им напишав проштално писмо на своите синови. Срцето ми се кинеше на делчиња, но морав да



