Докторите и се смееле затоа што сакала да го отстрани израстокот на вратот, но потоа дознале…

Кога Тови Раделиус (26) отишла да го провери израстокот на вратот, неколку доктори ја одбиле. Бидејќи била млада, докторите заклучиле дека е здрава, па затоа не ја сфатиле сериозно. А  кога  нашла сериозен доктор, открила дека има рак на тироидната жлезда. Докторот проценил дека живеела со оваа болест веќе 10 години.Докторите на Тови и велеле  дека е паничарка, но доколку не била толку упорна да го отстрани израстокот на вратот, ќе го изгубела животот.
„Докторите ми се смееа в лице и ми велеа дека сум голема паничарка и ми рекоа дека би можеле да ми го отстранат израстокот, но тоа би морало да се вброи во пластична операција. Но јас го познавав своето тело и не сакав да се откажам, бидејќи знаев дека нешто не е во ред. Само мојата тврдоглавост ми го спаси животот“, вели таа.
Тови, која потекнува од Шведска, но денес живее во Лондон, прв пат го забележала израстокот кога имала 18 години.
Се разбудив едно утро и го забележав. Се загрижив и почнав да истражувам што би можело да биде. Иако не ме болеше, имаше 3 сантиметри во обем. Подоцна почна да врши притисок на моите гласни жици, па почнав да звучам како засипната“, вели Тови.
Иако отишла на многу прегледи, но шведските доктори не ја сфаќале сериозно.

„Бидејќи бев млада и прилично здрава- немав медицинско минато или некоја болест во семејството- тие едноставно не ме сфаќаа сериозно. Еден од нив дури и ми рече дека е нормално младите жени кои имаат големо количество хормони да имаат грутка на вратот и дека треба да дојдам за две години доколку не исчезне „сама од себе“. Но мојата интуиција не ми даваше мир. Чуствував како да имам нешто непознато во своето тело. Не ми беше грижа што е тоа- сакав само да исчезне. Еден доктор дури ми кажа  дека сум паничарка“, раскажува Тови.
По неколку месеци сепак успеала да најде доктор кој се согласил да и го отстрани израстокот, но тој рекол дека таа прцедура спаѓа во пластична хирургија. Дури откога израстокот бил тестиран, откриено е дека се работи за тироидна жледа.
 „Не можев да поверувам кога ми кажа. Тоа беше многу трауматично искуство за мене, а докторите не ми обрнаа доволно внимание. Ниту еден не се извини  поради тоа што не ме свати сериозно“, вели Тови.
Било откриено дека Тови боледува од папиларен рак на штитната жлезда, најчест вид на рак кај младите жени. Тој се шири необично споро и може да се прошири на лимфните јазли на вратот.
Иако болеста нема многу симпроми во раниот стадиум, израсток, замор и засипнат глас се чести знаци.

Со оглед на брзинта на растот на туморот ракот почнал да се развива кога имала осум години. Сега таа цел живот мора да пие лекови кои содржат тироксин, хормон кој произведува шитната жледза.
По 18 месеци лечење, Тови одлчила да превземе контрола над својот живот“.
„Сватив колку е краток животот, па се спакував и се преселив во Лондон. Изградив нов живот, почнав да студирам и да работам како сметководител. Морам да ги посоветувам младите луѓе да  одат на прегледи доколку не се чувствуваат добро. Нормално е да се плашат, но ништо не можат да избегнат доколку одложуваат  да дознаат што не е во ред. Вие најдобро го познавате своето тело и треба да го слушате кога ви праќа пораки“, порачува Тови.Докторите на Тови и велеле  дека е паничарка, но доколку не била толку упорна да го отстрани израстокот на вратот, ќе го изгубела животот.

Пронајдете не на следниве мрежи: