Лекарите прогнозирале дека ќе живее уште најмногу 5 години, но таа тврди дека го победила ракот јадејќи овошје.Кендис Мери Фокс одбила да се лекува со хемотерапија откако и дијагностирале карцином на штитната жлезда и наместо тоа се определила за „ремонт“ на животните навики во исхраната и го оставила својот „токсичен“ сопруг.
Запрепастени лекарите сега констатирале дека Кендис потполно го победила карциномот, кој се повлекол.
„Наместо да живеам за забава, викенди, работа и исти работи секој ден, јас потполно го променив погледот на животот. Одлучив да живеам за себе и да уживам во животот онаков каков што е. Тоа функционираше“, вели оваа Англичанка.
Карциномот и бил дијагностициран пред три години, по што требала да оди на операција. Кога ракот почнал да напредува, одбила да оди на хемотерапија.
„Наместо тоа почнав да внимавам на исхраната, секој ден јадев ананас, грејпфрут, лимон, јаболки, киви и банани“, наведува Кендис за британските медиуми.
Таа исто така ги остранила „отровите“ како алкохол, цигари и месо. Само шест месеци подоцна, болеста се повлекла.
„Немав поддршка од својот сопруг и тоа беше причината да се разделам од него“, појаснува Кендис, додавајќи дека покрај него стекнала некои лоши и нездрави навики.
Денес, откако ја поминала сопствената терапија, таа е потполно здрава и среќна што добила прилика за нов живот.Кендис Мери Фокс одбила да се лекува со хемотерапија откако и дијагностирале карцином на штитната жлезда и наместо тоа се определила за „ремо



