Атлетичарката Џејми Хлси и нејзиниот сопруг Стив во октомври дознале дека ќе добијат тројка. Но на скенерот било откриено дека еднето бебе е помало од останатите за 25 %. Докторите ја советувале да се откаже од две бебиња, но таа одбила да го стори тоа. Пред неколку дена добиле три здрави девојчиња.Поранешната олимписка гимнастичарка била пред тешка одлука кога докторите ѝ рекле да абортира два бебиња и да го спаси теретото.
Џејми Халси и нејзиниот сопруг Стив (35) во октомври дознале дека чекаат тројка, но докторите им рекле дека тие имаат само 50 % шанса да преживеат. Тие ги советувале да абортираат две бебиња, бидејќи Џејми била во опасност носејќи ги сите три, а бебињата имале само 50 проценти шанса да преживеат.
Минатата недела на свет со помош на царски рез дошле Роуз, Амбер Џој и Ерин Ејла. При породувањето дошло до мали компликации, а потоа сите три бебиња биле ставени во инкубатор.
Овој пар убавата вест ја соопштил преку блогот на кој пишувале за своето искуство. Џејми, која на Олимписките игри во Сиднеј 2000 година била една од претставничките на Велика Британија, го опишала породувањето како „најневеројатно, најнестварно искуство во својот живот“.
„Бев преплавена со емоции, го слушнав плачот на сите три бебиња, а се почуствував прекрасно кога за прв пат ги видов“, вели таа.
Роуз се родила прва и била тешка килограм и 580 грама. По нејзе дошла Амбер Џој, тешка само килограм и 390 грама, а трета била малата Ерин Ејла, која се родила со само килограм и 270 грама.
Многу луѓе имаат тројки и јас не сакав да абортирам две здрави бебиња само за да си олесам себе си. Прво што си помислив беше: Не јас тоа не можам да го сторам. Сопругот и јас се сложивме дека ќе ги задржиме сите три бебиња. Спортот не нучи и двајцата дека ни се потребни само можност, шанса и вереба за да постигнеме успех“, вели таа.
И поранешниот спортист Стив пишувал за своето воодушевување на блогот.
„Со гордост ги дочекавме сите три ќерки. Нашето патување штотуку почнува. Добив можност да ѝ кажам и да ѝ покажам на Џејми колку сум горд на нејзе и нашите три девојчиња“, пишува тој.
Тие веќе имаат една ќерка, Флоренс, која ја добиле во 2012 година и од минатата година се обидувале да зачнат второ дете. И покрај негативните прогнози на докторите, Флоренс сега има три сестри кои се потполно здрави и кои веќе следната недела ќе бидат пуштени дома.
Поранешната олимписка гимнастичарка била пред тешка одлука кога докторите ѝ рекле да абортира два бебиња и да го спаси теретото.
Џејм



