Докторите се запрепастија од мистериозната БОЛЕСТ: Ова девојче живее во ХОРОР!

Докторите во Велика Британија се запрепастија од мистериозната болест на едно деветгодишно девојче.Докторите во Велика Британија се запрепастија од мистериозната болест на едно деветгодишно девојче.
Чудната состојба на Ира Саксена започна пред три недели, кога необјасниво започна да кива неверојатни 10 пати во минута.
Како што може и да се очекува, болеста набрзо целосно и го нарушила нормалното функционирање, и таа престанала да оди на училиште, а прекинала и со останатите активности.
За ситуацијата да биде уште повеќе излудувачка, докторите не можат да одгатнат што точно ја предизвикува ситуацијата. Биле извршени низа тестови за алергија, а биле испробани и секакви лекарства, но сите методи биле безнадежни.
Според мајката на Саксена, малото девојче престанува да кива само кога спие, а по будењето фрустрацијата продолжува.
Девојчето било однесено и на хипнотизер, кој и ги прекинал маките на кратко, па родителите сега размислуваат и за алтернативни решенија за ослободување од состојбата.
Докторите се сомневаат дека состојбата може да е предизвикана од мозочните сигнали на Саксена, но тоа е само теорија, бидејќи ги исцрпиле сите други можни извори на проблемот.
Сите се надеваат дека наскоро ќе биде најден лек за состојбата, бидејќи Саксена го минува летото кивајќи без престан.Докторите во Велика Британија се запрепастија од мистериозната болест на едно дев

Пронајдете не на следниве мрежи: