сабота, 21 ноември 2026
Најново

Докторите загрижени за Шакира, откажани сите концерти

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

„Се надевав дека гласните жици ќе ми се опорават, но на повредата и треба подолго време за да зарасне“-истакнува мега-популарната Шакира.Колумбиската пејачка Шакира преку порака на своите профили на „Инстаграм“ и „Фејсбук“ им се извини на своите фанови што ќе мора да ја одложи турнејата „Ел Дорадо“ до јуни 2018. година поради проблеми со гласот.
Според лекарите, нејзините гласни жици и понатаму крварат, а состојбата е посериозна отколку што мислеле на почетокот.
-Ви се заблагодарувам на сите за поддршката во овие тешки денови. Вашите пораки ми помогнаа да издржам и се надевам дека ќе се видиме наскоро, напиша таа меѓу другото во пораката.
Таа има засилено крварење на гласните жици па поради тоа европскиот дел од турнејата е одложен за лето, а американскиот на есен.

 Колумбиската пејачка Шакира преку порака на своите профили на „Инстаграм“ и „Фејсбук“ им се извини на своите фанови што ќе

Поврзани вести