Докторот кој сам на себе си го извади слепото црево

Постарите веројатно се сеќаваат на оваа приказна, но еве шанса да се потсетат.
Во 1961 година, докторот Леонид Иванович Рогозов имаше само 27 години и беше единствениот доктор од експедицијата што ја прати Совестскиот Совет на Антарктикот.
За време на 2 годишната експедиција, утрото на 29 април, 61-та година, докторот Рогозов се разбудил со вискоа температура и грозница и страшни болки во десниот дел на абдоменот. Тој пробал со традиционални лекови да се ослободи од треската, но не успеал. Утредента направил детален преглед на своето тело и востановил дека се работи за воспаление на слепото црево и дека ќе треба да го извади.
Со оглед на тоа што најблиската советска станица била одалечена на 1.600 километри од него, тој решил самиот да ја изврши операцијата.
Со локална анестезија, тој усепеал да направи рез длабок 10 сантиметри и да стигне до апендиксот кој бил долг 2 сантиметри а исто толку и широк. Со чести кратки паузи, тој успешно успеал да го извади и да се зашие. Асистенти на операцијата биле еден инженер и еден метеоролог.
Опоравувањето по операцијата траело 2 недели, а Рогозов почина во 2000та година од рак на бели дробови.
 
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
 Постарите веројатно се сеќаваат на оваа приказна, но еве шанса да се потсетат.
Во 1961 година, докторот 

Пронајдете не на следниве мрежи: