Неколку генерации деца од Македонија пораснаа со детската серија “Светот на бајките“, а актерот Игор Маџиров со својот талент и специфичен изглед, остана запаметен како еден од нејвпечатливите ликови во неа. Маџиров имаше и бројни улоги во театрите низ Македонија, а глумеше и во филмот “Пред дождот“.
Тој беше инспирација за многу млади актери, а Македонија остана во неверување кога на 20-ти фебруари 2000 година медиумите ги преплави веста дека Маџиров мистериозно си го одзел животот. Се шпекулираше околу причините за самоубиството, но никогаш, до ден денешен не се дозна вистинската приказна околу тоа.
Неговите пријатели и поранешни колеги, со дозвола на неговото семејство, снимија документарен филм посветен на него, со наслов “Интервју за Игор“ (детето со црвена коса). Филмот е инспириран од животот, делото и смртта на актерот Игор Маџиров.
Игор инаку е брат на познатиот перкусионист Зоран Маџиров.
Најавата за документарецот можете да ја погледнете во следново видео.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24. Неколку генерации деца од Македонија пораснаа со детската серија “Светот на бајките“, а актерот Игор Маџир