Документарен филм за случајот „Шпион“: Осомничените продавале снимки на ЦИА, ФБИ и грчките служби!

Новиот македонски документарец „Шпион“, во реализација на продуцентската куќа Револушн од Скопје и режисерот Дејан Милошевски премиерно беше прикажан вчера на Ал Џезира Балкан.-Приказната ги следи вистинските случувања во Македонија каде што полицијата уапси група од 20 тина поранешни и сегашни припадници на македонската тајна полиција. Таа тн. шпионска група се занимавала со собирање на информации за безбедносната ситуација во Македонија, за структурата на полициските и воените сили, разговори со странски политичари и странски безбедносни агенции во регионот – се вели во најавата на телевизијата за документарецот „Шпион“.


Во акцијата со кодно име „Шпион“ беа осомничени и поранешни разузнавачи, припадници на МВР, висок функционер во македонското Собрание, режисер, новинар и приватен детектив.
МВР истражуваше која била цената за која им се откривале државни тајни на странски разузнавачки служби и кои земји биле вмешани во шпионската афера во која беа уапсени осомничени.
Неколку дена по акцијата, МВР откри дека меѓу осомничените има и поранешни и сегашни вработени во Агенцијата за разузнавање, во Собранието на РМ, МВР, во Министерството за одбрана, Државниот архив, Управата за финансиско разузнавање. Меѓу осомничените има и бизнисмени.
Акцијата „Шпион“ се одвивала во изминатите неколку години, период во кој осомничените биле следени и снимани.
Погледнете го документарниот филм.

Пронајдете не на следниве мрежи: