четврток, 12 ноември 2026
Најново

Доларот на највисоко ниво во изминатите три недели

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

На светските валутни пазари вредноста на доларот спрема кошничката валути достигна денеска највисоко ниво во изминатите три недели по пораките од Фед дека инфлацијата во САД може да зајакне што на централната банка би и дало простор за понатамошно зголемување на каматите.Доларовиот индекс што покажува вредност на американската валута во однос на шесте најважни светски валути, достигна денеска 97,62 бода, што е највисоко ниво од крајот на мај.
Притоа, курсот на доларот спрема јенот е зголемен за 0,1 отсто на 111,70 јени, а во еден момент беше 111,90 јени што е највисоко ниво од 26 мај. Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото се намали на 1,1150 долари додека вчера беше 1,1185 долари.
Растот на вредноста на доларот е благодарение на вчерашните коментари на Вилијам Дадли претседател на оддел на Фед во Њујорк кој рече дека инфлацијата во САД е малку успорена, но дека очекува нејзин раст.
– Ситуацијата на пазарот на трудот и понатаму се подобрува, што ќе поттикен раст на платите, а тоа треба да влијае на јакнење на инфлациските притисоци, нагласи Дадли.
Минатата недела Фед ги зголеми каматните стапки за 0,25 отстотни бодови во распон од 1,0 до 1,25 отсто, вторпат во оваа година.Доларовиот индекс што покажува вредност на американската валута во однос на шесте најважни светски валути, достигна денеска 97,62 бода, што е најви

Поврзани вести