„Долина на бубрезите“: Село во кое скоро сите продале по еден бубрег

Во селото Хоксе во Непал, кое уште го викаат и „Долина на бубрезите“, скоро секој жител има продадено по еден свој бубрег. Во селото доаѓаат агенти кои ги убедуваат луѓето дека можат нормално да живеат без еден бубрег, а им велат и дека извадениот повторно ќе израсне. Ги носат во Индија каде што се изведуваат операциите. Гита, мајка на четири деца, продала бубрег за 2.000 долари.„Веќе десет години луѓе доаѓаат во нашето село и нѐ наговараат да продаваме органи. Јас секогаш велев не. Но, нашето семејство растеше, а со тоа и желбата да купиме поголема куќа“ – рекла Гита.
„Кога родив деца, ни требаше куќа. Заедно со золва ми отидовме во Индија на операција“ – додала таа. Операцијата кратко траела, а во болница била три недели.
„Кога се разбудив по операцијата ми се чинеше дека ништо не се случи. Добив пари и купив куќа“ – рекла Гита. За жал, нејзината куќа се урнала во земјотрес. Поголем дел од жителите на ова село во април годинава го загубиле покривот над главата, а по земјотресот пораснала продажбата на органи, иако е нелегална.
Понекогаш се грабнуваат луѓе за да им се вадат органи. Некои дури и ги убедуваат дека им треба операција, иако се здрави. Постоеле и случаи во кои луѓето биле убивани за да им се извадат бубрезите.
Минатата година, Time пишуваше за Кенам Тамангу, кој бил измамен од сопствениот зет. Му ветил подобра работа во Ченаиј во Индија. Но, кога стигнал таму, го однеле во болница. Му рекле дека ќе му дадат пари за бубрег и му ветиле дека ќе му израсне нов. И Ганеш Бахадур Дамаи отишол во Индија поради ветување за работа. Таму му дале инјекција и бил во несвест 24 часа. Се разбудил во болница. По три недели добил 150 долари и бил испратен дома. Со тие пари купил мало парче земја, пишува Oddity Central.„Веќе десет години луѓе доаѓаат во нашето село и нѐ наговараат да продаваме органи. Јас секогаш велев не. Но, нашето семејство растеше, а со

Пронајдете не на следниве мрежи: