Должни се уште од Аристотел: 11 работи кои не сте ги знаеле за Грција

Сите сигурно ја знаеме изреката „должен си како Грција“, нио веројатно до сега не сре знаеле дека првата должничка криза во таа земја датира уште од времето на славните Платон и Аристотел. 
 
 
Сите очи овие денови се насочени кон Грција. Многумина се прашуваат што ќе се случи после референдумот за мерките на штедење и услови на меѓународна помош и дали евентуалното излегување на Грција од еврозоната ќе предизвика нарушување на заедничката европска валута.
Но, кризата и долговите во Грција не се никаква новост. Освен што сите ја знаеме изреката „должен си како Грција“, веројатно до сега не сте знаеле дека првата должничка криза во таа земја датира уште од времето на славните грчки филозофи. Ви носиме неверојатни 11 факти за грчката економија и кризите по изборот на Business Insidera.
1. Првата должничка криза во четвртото столетие пред нашата ера
Тие дамнешни години, 13 грчки градови- држави зеле кредит од Храмот во Делос. Повеќето од нив долгот никогаш не го отплатиле, а храмот изгубил 80 проценти од позајмените пари. Тоа било во времето кога живееле Платон, Аристотел и Александар Велики.
2. Во 19 и 20 век имале пет должнички кризи
Првата ги погодила во 1826 година во време на војната за независност од Османското царство. Втората се случила во 1843. бидејќи кредитот од 1832. не го вратиле – го потрошиле на војската и одржување на власта на баварскиот принц Ото. После банкротот во 1860. Грција е исфрлена од меѓународниот финансиски пазар се до 1878. Тогаш кредиторите повторно и давале позајмици, но Грција во 1893. ја запрела отплатата. Земјата во криза се нашла и во 1932. во време на Големата светска криза.
3. Во криза биле 90 години
По стекнувањето на независност од Османското царство, во 1830. година, Грција се нашла во криза која со мали прекини, траела 9о години.
4. Корупцијата Грција ја чинела од 8 до 10 посто од БДП
Brooking институтот проценил дека корупцијата ја чинела Грција 8 проценти од БДП на годишно ниво, а некои велат дека оваа бројка се зголемила дури и до 10 проценти. Голем дел од овој процент отпаѓа за обичните луѓе во нивните секојдневни активности.
5. Претприемачите даваат „повеќе од 100% од приходите“ за кредити
Нормално, такво нешто не е можно, па аналитичарите сметаат дека своите приходи не ги пријавуваат во полн износ. На пример, во 2009. година претприемечите во Грција избегнале плаќање на данок во износ од неверојатни 39 милијарди евра.

 
6. Скоро 50 отсто од младите се невработени
Поточно 49.7% од младите и работно способни луѓе не работат. Вкупната стапка на невработеност изнесува 25,6 отсто, а скоро 64 отсто од повозрасните Грци на возраст од 18 и 34 години живеат кај своите родители.
7. Населинието е старо
Само 23,9 отсто од населението е помладо од 24 години. Жените во просек раѓаат 1,3 деца.
8. БДП Масачусетс е поголем од Грчкиот (а Грција е поголема 2 пати)
Грчкиот БДП изнесува 242,2 милијарди долари, а БДП Масачусетс 420,70 милијарди долари. Масачусетс има површина од 27.336 километри квадратни, а Грција 131,957 километри квадратни.
9. Полоша од Големата депресија
Сегашната криза на Грција е полоша од кризата во САД во екот на Големата депресија во триесетите години на 20 век.
10. Маслиновото масло како главен адут
Грција е трет по големина производител на маслиново масло после Шпанија и Италија, а произведува 300.000 тони годишно. Скоро 90 отсто од таа количина се извезува во земјите на ЕУ. Интересно е дека некоја од грчките стебла на маслинки се засадени уште во 13 век и раѓаат и ден-денес.
11. Пушат „како Турци“
Потрошувачката на цигари по жител е многу висока и изнесува 2975. 
 
 
  
 
 
Сите очи овие денови се насочени кон Грција. Многумина се прашуваат што ќе се случи после референдумот

Пронајдете не на следниве мрежи: