Domaine Lepovo – Природа преточена во префинето вино

ВВ „Тиквеш“ отвора ново поглавје во својот развој. Со лансирањето на првото вино произведено во новата винарница – „Домеин Лепово“, се воведува значајна новина во пристапот на производство на ексклузивно виноСкопје, 13. јуни 2014 – Промовиран првиот ултра – ексклузивен македонски вински бренд – „Домеин Лепово“, именуван според прекрасниот локалитет – поседот „Лепово“, кој со сите свои карактеристики е идеален за одгледување грозје и производство на префинето вино со извонреден квалитет.
„Домеин Лепово“ е нова винарница во сопственост на групацијата М6 од 2013.
Светозар Јаневски, партнер во групацијата М6 и претседател на управниот одбор на                 ВВ „Тиквеш“, на промоцијата на првиот ултра – ексклузивен вински бренд, истакна: „Дојде времето кога треба да го потврдиме она што досега сме го постигнале и да понудиме дополнителна вредност. Со „Домеин Лепово“ го правиме токму тој исчекор што ќе ни овозможи да му го понудиме на светот, на вистинските љубители и сладокусци, виното кое претставуванешто поинакво од сите наши досегашни достигнувања. Ова е еден нов чекор во диверзификацијата и на портфолиото на ВВ „Тиквеш“. На ваков начин воведуваме значајна новина во пристапот на производство на ограничени количини префинето вино во мала винарница, но истовремено даваме нов импулс, нова енергија во развојот на македонската винска индустрија“.

„Домеин Лепово“ ексклузивните вина се креација на винскиот „магионичар“ Филип Камби. Во нив се вградени најдобрите француски практики и знаење во производство во ваков вид вина. Терминот „Домеин“ означува дека целокупниот производствен процес се одвива на истиот посед каде што се наоѓаат лозјата. На поседот „Лепово“ кој се наоѓа во близината на Неготино, на приближно хектари се насадени 5 сорти грозје – Шардоне, Вранец, Пино Ноар, Каберне Совињон и Мерло. Лозовите насади се со просечна старост од 15 години.
Поради извонредниот квалитет, ексклузивните вина „Домеин Лепово“ се наменети за најпребирливите љубители на виното. Тие ќе бидат достапни само во мал дел продажни објекти со големи вински секции, во ограничен број угостителски објекти во земјава и на најзначајните светски пазари.
Прво на пазарот се појавува белото вино „Доменин Лепово Шардоне“ чие годишно производство изнесува 5.000 литри. Од винарницата најавуваат дека до крајот на годинава ќе биде лансирано „Домеин Лепово Пино Ноар“, а портфолиото ќе биде заокружено со „Домеин Лепово Гранд Куве“ кое се очекува да биде промовирано во јуни 2015-та година.
* * *

За локалитет „Лепово“
Приказната за првиот македонски ултра – ексклузивен вински бренд започнува и завршува на еден единствен локалитет – „Лепово“.
Во „Лепово“ природата е вистински наклонета за одгледување грозје. Сонцето, водата, ветерот, почвата… овде се во совршен баланс кој е идеален за производство на префинети вина. Локалитетот се карактеризира со субмедитеранска клима, со долги топли денови и кратки и релативно топли ноќи во периодот од јуни до крајот на октомври, кога грозјето ја добива својата полна зрелост.
Лозјата на локацијата „Лепово“ се на надморска висина од 250 метри. Благодарение на влијанието на реката „Вардар“ тие се изложени на постојан благ, топол ветар „Повардарец“, кој го носи влијанието на медитеранот и овозможува лозовите насади да бидат во совршена здравствена состојба, што придонесува за постигнување висок, константен квалитет на грозјето.
Иако убавината на локалитетот „Лепово“ е навистина неограничена, сепак виното што се создава тука е во ограничени количини, поради малата количина на грозје и малиот производствен капацитет, каде сѐ е ставено во функција на квалитетот
За DOMAINE LEPOVO
Убавината и посебноста на локалитетот „Лепово“ се совршена инспирација за новиот ултра – ексклузивен вински бренд – DOMAINE LEPOVO – кој се создава во т.н. бутик винарница со истото име.
Поимот „Domaine“ потекнува од францускиот јазик и означува „имот“ или „посед“. Со употреба на овој поим, во конкретниот случај, се истакнува фактот дека вината се направени на истиот посед каде што се наоѓаат лозјата на кои се одгледува грозјето наменето за нивно производство.
На поседот „Лепово“ кој се наоѓа во близината на Неготино, на околу 9 хектари се насадени 5 сорти грозје – Шардоне, Вранец, Пино Ноар, Каберне Совињон и Мерло. Лозовите насади се со просечна старост од 15 години.
Ригорозната контрола во сите фази од производството и примената на посебни техники и агротехнички мерки за редукција на родот, според искуствата и практиките на француската винска школа, придонесуваат она што го дала природата во „Лепово“, во секое зрно грозје да биде совршено зачувано.
Тоа што капацитетот за преработка на грозјето, односно самата винарницата, се наоѓа во непосредна близина на лозовите насади, овозможува високиот квалитет и уникатни карактеристики на вака одгледаното грозје целосно да се преточат во најдоброто ексклузивно вино кое може да се создаде само таму и никаде на друго место во светот. Дополнително, вака добиеното вино ферментира и делумно одлежува во специјални француски дабови буриња, со што се придонесува за неговите уникатни ароми и карактер.
* За повеќе информации: [email protected]; [email protected]Скопје, 13. јуни 2014 – Промовиран првиот ултра – ексклузивен македонски вински бренд – „Домеин Лепово“, именуван според прекрасн

Пронајдете не на следниве мрежи: