Домашен лосион за отстранување пеги, флеки и белези од лицето

Доколку сакате да имате чиста  и здрава кожа на лицето, ви претставуваме два домашни лосиони  кои  ќе ја хидрираат кожата и ќе   стимулираат производство на колаген и еластин.Испробајте ги овие природни козметички препарати бидејќи тие ќе ви помогнат да ги елиминирате пегите  и флеките на лицето.
Рецепт 1
100мл лимонов сок
2 лажици магдонос
150 мл дестилирана вода
50мл 70% медицински алкохол
Магдоносот е  природен  антисептик и е одличен во борбата против акни.
Исецкајте го магдоносот  на ситно па прелејте го со  алкохолот и водата. Ставете ја смесата во тегла, затворете  и протресете, оставете да преноќи.
Следниот ден, процедете ја течноста и додадете го лимоновиот сок.
Лосионот се нанесува наутро на чиста кожа. Со секојдневно користење на овој неверојатен лосион ќе ви помогне во исчезнувањето на пегите и белезите од акните.
2. Уште еден лосион со скоро ист ефект, може да се добие без лимон  и алкохол а се состои од:
25гр свеж  магдонос
200мл вода
30мл минерална вода
Гответе го магдоносот во вода, почекајте течноста да се олади, но во затворен сад, потоа отворете го садот за да испари јаглерод диоксдот. Додадете ја  минералната вода. Држете го лосоинот во ладилник. Испробајте ги овие природни козметички препарати бидејќи тие ќе ви помогнат да ги елиминирате пегите  и флеките на лицето.
Рец

Пронајдете не на следниве мрежи: