Домашна нега на база на мед

Освен што е вкусен и здрав, медот чудотворно делува и на кожата. Само по неколку третмани, таа станува помазна, помека и посјајна.Лосион за тело
Помешајте иста количина на мед и маслиново масло. Втријте во сува кожа и по 20 минути истуширајте се.
Балзам
Помешајте лажица мед со 6 гр природен восок, 10 капки лимон, 2 капки масло со витамин Е и 50 гр кокосово масло.
Регенератор
Лажица мед  помешај те со маслиново масло и нанесете на коса. По 15 минути измијте се со шампон.
Купка
Во 250 мл топла вода, ставете 2 лажици мед и оставете 10 минути да се растопи. Додадете 3 капки малсо од лаванда и ќе добиете миризлива и здрава купка.
Маска
Помешајте 2 лажици млеко со 2 лажици мед. Нанесете на лице и оставете 10 минути да одстои пред да се измиете со топла вода.Лосион за тело
Помешајте иста количина на мед и маслиново масло. Втријте во сува кожа и по 20 минути истуширајте се.

Пронајдете не на следниве мрежи: