ДОМАШНИ БОМБОНИ ПРОТИВ КАШЛИЦА: Направете ги сами, рецептот е лесен и сигурен

Ако на вашите деца не им помагаат препаратите од аптеките или не ги сметате за доволно сигурни, тогаш можете да си направите сами домашни забавни бомбони против кашлица за деца…На децата ќе им бидат доста интересни а вие ќе си ја олесните работата…Посебно ако некогаш имате проблем со давањето на сируп, бидејќи нели некои од сирупите имаат лош вкус а малите деца тоа не го сакаат.
Еве еден ефикасен и лесен рецепт…
100 гр шеќер
Половина чајна лажичка од ѓумбир во прав
Една чајна лажичка од сок од лимон
Силиконски калап, алуминиумска фолија или обична и чачкалици
Подготовка на бомбоните против кашлица и болки во грлото…

За почеток калапот премачкајте го со масло. Шеќерот ставете го во тенџере и на тивок оган на шпорет постојано мешајте да не загори потполно. Кога ќе видите дека шеќерот убаво се растопил тогаш додајте ја и лажичката ѓумбир и лажичката со сок од лимон. И понатаму се гответе на тивок огам уште неколку минути исто така со повремено мешање…
Дека смесата е готова ќе знаете така што бојата на смесата треба да стане кафена. Смесата ставете ја во калапот кој го подготвивте и се оставете некој половина час во фрижидер да се стврдне и олади.
Ако сакате да направите лижавчиња тогаш пред да се стврдне смесата во калапот ставете и чачкалици.
Слободнo давајте им на вашите деца од 2 до 3 бомбони дневно, со тоа што ќе внимавате да не јадат премногу други слатки. Оние кои го испробале овој рецепт кажуваат дека кашлањето кај децата престанува по 2 до 3 дена.
Но, ако тоа не се случи и со вашето дете можно е во прашање некое сериозно воспаление, па тогаш е најдобро да се консултирате со лекар.На децата ќе им бидат доста интересни а вие ќе си ја олесните работата…Посебно ако некогаш имате проблем со давањето на сируп, бидејќи нели некои

Пронајдете не на следниве мрежи: