Замезете се со превкусни мини пици. Нема да знаете за доста!Состојки: 1 кг. брашно 3 лажички шеќер 2 лажички сол 2 и ½ филџанчиња масло 200 мл. млако млеко 200 мл. млака вода 1 и ½ надојден квасец ½ маргарин за премачкување 1 јајце за премачкување Состојки за фил: кечап 200 гр. рендан кашкавал 200 гр. сечкана шунка оригано
Подготовка: Од сите состојки се замесува тесто. Тестото се меси повеќе време додека да стане мазно и меко, но не треба да се лепи за рацете. Откако тестото убаво ќе биде измесено се дели на 5 еднакви делови. Секој од деловите се меси уше некое време и сите делови се оставаат 10 минути на собна температура. Потоа еден по еден дел се сучи во голема кора, се премачкува со тенок слој маргарин, се премачкува со слој кечап, се става од ренданиот кашкавал и сечканата шунка по целата површина, се става малку оригано и кората се витка во форма на ролат. Добиениот ролат се сечи на парчиња дебели околу 2 сантиметри, парчињата се превртуваат убаво се оформуваат и малку се сплескуваат. Се редат во плех обложен со хартија за печење, се премачкуваат со изматено јајце, на секое од нив се става по едно мало парченце маргарин и се печат на 175 ° Ц околу 40 минути додека да заруменат и да добијат убава боја.Состојки: 1 кг. брашно 3 лажички шеќер 2 лажички сол 2 и ½ филџанчиња масло 200 мл. млако мле