Домашни третмани за убава кожа

Не секогаш мора да потрошите цело богатство со цел да се ослободите од несаканите појави на вашето лице и тело. Кога подобро ќе размислите, сите состојки кои ви требаат за успешно да се справите со овие непријатности, веќе ги имате во својот дом, само треба правилно да ги искомбинирате.Груба кожа на рацете – веднаш ви треба пилинг, а еве како да го направите. Во еден сад ставете 2-3 филџани млеко (само малку загрејте го за да биде млако), додадете неколку кафени лажици шеќер и со смесата масирајте ги вашите дланки. Доколку кожата на дланките ви е многу сува, додајте 2 кафени лажички мед. После тоа темелно исплакнете ги дланките со млака вода.
Против мрсна кожа на лицето –  помешајте еден пивски квасец во прав со малку јогурт и притоа внимавајте добро да се соединат состојките. Мешајте сè додека смесата не стане хомогена, а потоа нанесете ја на вашето лице. Мирувајте 15-20 минути, па добро исплакнете го лицето.
Исто така, за ослободување од мастите и истовремено освежување на лицето, можете да направите мешавина од сок од краставица и свежо исцеден лимон. Нека стои 10-15 минути, а потоа исплакнете. Сокот од краставица направете го дома. Изрендајте една краставица и со помош на газа исцедете ја течноста од неа.
Еве уште еден трик за справување со мрсната кожа – редовно чистете го лицето со памук на кој ќе нанесете малку чај од нане или камилица.
Флеки од акни – доколку имате проблем со дамки односно флеки од акни на кожата на лицето или телото, добро измијте кора од лимон, врз неа нанесете малку шеќер и масирајте нежно.
Против целулит – уште една примена на кафето – кофеинот кој е составен дел од талогот на кафето е одличен борец против најголемиот непријател на женскиот пол – целулитот. Многу фабрички направени третмани против целулит во себе содржат кофеин. Соберете талог (од обично црно кафе или пак од ќесичка за филтер кафе) и додека се туширате, втријте го на најзагрозените области, како задникот и бутовите. Додека се туширате гледајте да користите што е можно потопла вода за подобар ефект, но кога ќе го плакнете талогот од себе, правете го тоа со млака вода за потоа да добиете ефект на позатегната кожа.
За омекнување на кожата на лицето – направете лесна и брза мешавина од брашно, маслиново масло и млеко, нанесете ја на лицето и почекајте 15-20 минути, а откако ќе ја исплакнете маската, ефектите ќе бидат веднаш видливи.

Пори на лицето – порите на лицето не се пријатна глетка и можат да прераснат во вистински проблем. Затоа, неколку пати неделно, откако ќе го исчистите лицето, исцедете малку течност од свеж домат на парче памук и поминете преку целото лице. Потоа исплакнете го лицето со ладна вода која ќе помогне за затворање на порите.
За сува кожа на лицето – проблемот со сува и недоволно потхранета кожа на лицето станува уште поголем во зимскиот период поради студот. Пробајте да ја потхраните со следнава смеса: 1 јајце и малку маслиново масло. 20 минути откако ќе ја нанесете, добро исплакнете го лицето.
Или пак, измешајте 1 жолчка од јајце со една кафена лажичка павлака, 1 лажичка масло и 1 лажичка природно исцеден сок од грозје. Мирувајте 15-20 минути откако ќе ја нанесете маската, па темелно измијте го лицето.
Подочници – големите темни подочници се резултат на бурна ноќ, а се појавуваат дури наредниот ден. Веднаш ослободете се од нив. Тоа може да го направите со ставање ќесички од сварен чај (внимавајте да не се премногу топли), по можност зелен чај бидејќи е природен антиоксидант, или чај од нане. Нека стојат 10-15 минути. Или пробајте со нанесување на парчиња домат или краставица врз очите, но пред тоа чувајте ги во замрзнувач, нека бидат малку поладни за побрз ефект.
Стареење на кожата – интересна употреба на аспиринот. Издробете 2-3 апчиња аспирин и измешајте ги со млака вода. Нека стои на лицето 5 минути и одвреме-навреме масирајте нежно, за да добиете ефект на пилинг. После тоа исплакнете го лицето.Груба кожа на рацете – веднаш ви треба пилинг, а еве како да го направите. Во еден сад ставете 2-3 филџани млеко (само малку загре

Пронајдете не на следниве мрежи: