Џон Ештон го потресе светот: Еве зошто нема лек за еболата!

Кога би се случила епидемија на еболата во Лондон, Париз или Њујорк, наместо во Западна Африка, дали процесот за пронаѓање на лекот би бил забрзан?Претседателот на британскиот Факултет за јавно здравство, Џон Ештон, изнесе обвинение кон фармацевтите со кое ги потресе медиумите. Тој тврди дека лекот за еболата не е пронајден, бидејќи главно ги убива Африканците. Ештон додаде дека вакцината веднаш би се пронашла кога еболата би го нападнала Лондон.
Ештон вели дека Западот треба да го третира смртоносниот вирус во услови како да ги напаѓа најбогатите делови на Лондон, наместо само Сиера Леоне, Либерија и Гвинеја.

Ештон го спореди меѓународниот одговор на еболата со оној кога вирусот на сидата убивал илјадници Африканци со години наназад.
„Во двата случаи (еболата и сидата), се чини дека погоденоста на немоќните групи допринела кон побавен одговор и неуспех при ангажирањето на медицинските ресурси на меѓународно ниво“, тврди Ештон.
Доктор Ештон уште еднаш напомена дека мора да се вложат повеќе пари во истражувањето, за побрзо да се пронајде лекот.Претседателот на британскиот Факултет за јавно здравство, Џон Ештон, изнесе обвинение кон фармацевтите со кое ги потресе медиумите. Тој тврди дека

Пронајдете не на следниве мрежи: