Џон Кери: Нема да дозволиме канцерот во вид на Исламска држава да се прошири на други земји

Американскиот државен секретар Џон Кери се заложи за формирање глобална коалиција на држави кои ќе се борат против геноцидниот план на џихадистичката организација „Исламска држава“ во Сирија и северен Ирак.Кери истакна дека тој и секретарот за одбрана Чак Хејгел ќе разговараат со дипломатите од европските сојузнички држави со цел создавање глобална коалиција. 
– Ние ќе ја искористиме таа можност да продолжиме со градење широка коалиција и укажување на опасноста која ја претставуваат странските терористи, вклучувајќи ги и оние кои се придружиле на „Исламска држава“, вели Кери.
Тој истакна дека после самитот на НАТО во Велс, заедно со Хејгел ќе отпатува на Блискиот исток за да изградат поддршка „меѓу земјите кои се најдиректно загрозени“.
– Нема да дозволиме канцерот, во вид на „Исламска држава“ да се прошири на други земји. Светот е во состојба да се спротивстави на ова зло и да го порази, категоричен е американскиот државен секретар.Кери истакна дека тој и секретарот за одбрана Чак Хејгел ќе разговараат со дипломатите од европските сојузнички држави со цел создавање глобална ко

Пронајдете не на следниве мрежи: