Џона Хил ја земал најминималната сума за „Волкот од Волтсрит“

Џона Хил, актерот од  „Волкот од Волстрит“ земал најминимална сума на пари од чиста причина – единствено нешто што сакал е да работи со Скорсезе!„Ми ја дадоа најмалата можна сум пари, тоа беше нивната понуда“, изјавил Хил во интервју со Хауард Стерн, додавајќи дека станувало збор за околу 60 илјади долари.
„Реков дека ќе ги потпишам документите истата вечер. Реков дека сакам да ги потпишам пред да си легнам за да не можат да се премислат во текот на ноќта“.
Скорзесе е неговиот омилен режисер, објаснил Хил, а филмот не бил од оние на кои правиш пари.
„Го снимаш 22 Jump Street или некои други проекти и можеш да си ја платиш киријата…би го направил истото во секунда. Не се работи за парите, ова го направив од мерак“.
Пред да ја добие улогата, го нашол колегата и продуцент Леонардо Ди Каприо и му кажал дека ако некој друг ја добие улогата, ќе го убие тој актер…и секој друг кому ќе му биде понудена улогата сè додека не остане само тој.
Работата му испаднала супер- добил номинација за Оскар!
 „Ми ја дадоа најмалата можна сум пари, тоа беше нивната понуда“, изјавил Хил во интервју со Хауард Стерн, додавајќи дека станувало збор

Пронајдете не на следниве мрежи: