Донација на Филип Морис ТКП го помогна реновирањето на ОУ Коле Неделковски

Новата школска година во ОУ Коле Неделковски, учениците ја започнаа во комплетно реновирана зграда резултат на донацијата од Филип Морис ТКП. Нови врати, замена на старите оштетени подови и свежо варосани ѕидови, реновирана училишна библиотека како и нова ограда околу игралиштето е дел од оваа вредна донација. Дополнително, со донираните средства училница за децата од второ одделение е опремена со нови клупи, столови, плакари, лаптоп, прожектор и „паметна“ табла. Целта на донацијата е подобрување и модернизација на условите за учење и за предавање на наставните содржини, изјавуваат од Филип Морис ТКП.„Образование е сегмент во кој што треба постојано да се вложува и каде лежат темелите на една здраво вредносно поставена заедница. Токму на ова се надоврзува и нашата заложба како компанија да помогнеме и да го стимулираме развојот на целокупното општество со акцент на образованието. Веруваме дека поддршката од бизнис секторот посебно во образованието од каде образовани млади луѓе и идни вработени доаѓаат, ќе иницира и провоцира уште поголеми промени и ќе придонесат за развој на многу прогресивни идеи. Затоа, со реновирана училишна зграда и нова опрема на учениците им посакуваме успешна школска година“, изјави Михаел Солтер, Генерален директор на Филип Морис ТКП.
За значењето на донацијата за училиштето говореше и директорката на училиштето Светлана Масларевска, „Образованието се соочува со многу и различни предизвици и затоа е посебно значајно кога бизнис секторот своето внимание ќе го фокусира на важноста на овој општествен сегмент. Донацијата од Филип Морис ТКП е значајна од повеќе аспекти, пред сè обемноста и тоа што придонесе за комплетно да се смени внатрешниот изглед на училишната зграда, да се опремат училниците со нова опрема и значително да се унапредат условите за работа и за учење. Не помалку значајно е тоа што убавата слика што учениците ја добиваат на првиот училишен ден, секогаш има позитивен ефект врз нивниот понатамошен пристап и перцепцијата на одењето во училиште.“
 „Образование е сегмент во кој што треба постојано да се вложува и каде лежат темелите на една здраво вредносно поставена заедница.

Пронајдете не на следниве мрежи: