Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ по повод претстојните новогодишни празници ги посети учениците во образовната установа Д-Р Златан Сремац.На дечињата од ова училиште им поделија пригодни подароци.
Даниела Рангелова, претседател на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека скромните донации се начин да се посвети внимание и да се посакаат убави желби.
-Вниманието и убавите желби можат да се покажат на најразлични начини. Еден од нив е преку скромни донации. Подарувајќи насмевки на оние кои ви значат вие истовремено подарувате и радост во детските срца! Секоја личност е посебна. Секое дете се одгледува и расте со љубов, но кога станува збор за децата со посебни потреби таа љубов треба да биде многу поголема. Секој од нас има обврска да биде хуман, да помогне. Но, само со здружени сили на сите ќе придонесеме и ќе направиме нешто за овие дечиња. Незаменливо е чувството кога кај децата ќе предизвикате топлина и во нивните очи ќе погледнете радост и исполнетост. Тука сме да им посакаме Среќна Нова година и весели Божиќни празници, да ги гушнеме и да им ја влееме надежта во новата година, која секој од нас ја заслужува, истакна Рангелова.
Среќата е многу важна за подобра иднина и уште поважна ако се споделува со најблиските и најмладите кои се нашата иднина, додаде Даниела Рангелова.
На дечињата од ова училиште им поделија пригодни подароци.
Даниела Рангелова, претседател на Унијата на Жени на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека скро