Финансиската поддршка ќе ѝ овозможи на организацијата да им ги подобри условите за живот на дечињата од домот.Скопје, 9 ноември 2013 – Аргета, во соработка со мајките-победнички на предизвикот „Мајките одобрија“, успешно ја заврши специјалната „хуманитарна мисија“. По иницијатива на Аргета секоја од мајките-учеснички предложи хуманитарна организација, стремејќи се кон подобра иднина на жените, децата и на семејствата. Мајките го презентираа својот избор на Интернет, додека македонската јавност со најголем број гласови ја награди ЈУ Дом за деца без родители „11 Октомври“, со што таа доби донација од 3.000 евра. На овој начин оваа јавна установа во иднина ќе им овозможи на дечињата од домот подобри услови за живеење.
Хуманитарната акција ги обедини 18-те мајки од Македонија, Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина и од Косово. Секоја од нив предложи по една хуманитарна организација што се залага за подобра иднина на жените, децата и на семејствата. Меѓу нив беа и трите македонски хуманитарни организации, од кои ЈУ Дом за деца без родители „11 Октомври“ доби најмногу гласови преку фејсбук-страницата и ја доби финансиската поддршка во вредност од 3.000 евра.
ЈУ Дом за деца без родители ги поздрави добрите намери на Аргета и на мајките-учеснички: од името на нашите дечиња и од името на целиот колектив сакам да изразам голема благодарност за хуманиот чин на Аргета и посебно на госпоѓата Маја Бошкоска и на ПР-агенцијата „Публицис“, кои сите заедно ја дадоа оваа интересна идеја за интересен начин на добивање донација. На сите нив им посакуваме многу здравје, среќа и успеси на секое поле. Целиот чин на гласање беше многу интересно направен и привлечен за младите, на кои им е најомилена социјалната мрежа Фејсбук, и најпрекрасно беше што и самите деца и колективот имаа натпреварувачки дух со едномесечното гласање, со кое самостојно придонесоа да ја добијат оваа вредна донација. Сè уште не сме испланирале за што ќе ги потрошиме средствата, но бидејќи сите активно учествувавме, сите заедно дополнително и ќе одлучиме за што ќе ги искористиме, но секако ќе бидат употребени за подобар живот на дечињата.
„Од моментот кога дознав за хуманитарната акција што ја започнува Аргета многу се воодушевив и израдував дека и јас како Аргета мајка ќе бидам дел од тој прекрасен проект- да подариме помош онаму каде таа е најпотребна. Тргнав од идејата дека на децата секогаш треба да им помагаме затоа што тие се нашата иднина па така го предложив Домот за деца без родители од Скопје. Чувството дека сум дел од нешто хумано секој ден се повеќе растеше за на крај да биде избран мојот предлог за донација за што сум многу горда. Им благодарам на Аргета и нејзиниот тим што ја организираа оваа кампања и ми овозможија и мена да бидам дел од неа“, изјави Маја Бошкоска, која со задоволство и се приклучи на иницијативата на Аргета и го предложи Домот за деца без родители „11 Октомври“. Покрај оваа организација, за донацијата се натпреваруваа и други две организации – СОС Детско село Македонија и Советот за родова рамноправност (СОЖМ).
„Одговорот на кампањата беше многу позитивен, во сите земји од регионот. И покрај тоа што доделивме вкупна сума од € 18.000, ние веруваме дека и придонесовме во ширењето на свеста дека хуманоста има голема вредност – како на ниво на поединец, така и на ниво на компании. Секој чин, секој глас и секој израз на поддршка се важни“, изјави Ензо Смрекар, член на компаниското раководство на Дрога Колинска и генералниот директор на работната програма „Деликатесни намази“ во Атлантик-групата.
Дрога Колинска, членка на Атлантик група, која го раководи брендот Аргета, кампањата ја гледа како имплементација на социјалната одговорност кон општеството во кое тие работат. Истовремено тие им се благодарни на сите што придонесоа да успее кампањата со тоа што станаа дел од хуманитарната мисија на Аргета – сите мајки, организациите што зедоа учество и гласачите што ја поддржаа заедничката амбиција за подобра иднина.
Повеќе за проектот: https://www.majkite-odobrija.mk/mk
Повеќе за хуманитарната кампања: https://www.facebook.com/ArgetaMakedonija/app_421914737920461Скопје, 9 ноември 2013 – Аргета, во соработка со мајките-победнички на предизвикот „Мајките одобрија“, успешно ја заврши специјал