Модената дизајнерка, Донатела Версаче, верува дека кога нејзиниот постар брат Дани би бил жив, би бил голем обожавател на Лејди Гага, поради големата уметничка визија која ја има и моќта да ги претстави новите генерации на Версаче.
Опишувајќи ја нејзината прва средба со Гага, Донатела рече:
-Таа беше решителна, веднаш знаеше што сака, да оди право до срцето на публиката и да покаже гардероба за новите генерации и за сите фанови на нејзиниот моден стил. Убедена сум дека, ако Дени беше жив, би бил голем фан на Гага.
Донатела и Гага се пријателки, и неколку пати имаа можност да работат заедно, најмногу за спотот на песната The Edge of Glory кога Донатела и дозволи пристап до старите модели, кои за првпат ги направи по смртта на Дени во 1997 година.
Исто така, кружеа гласини дека Донатела дизајнира црно – златна свилена венчаница која Гага ќе ја носи кога ќе стапи во брак со нејзиното момче Тејлор.
Во интервјуто за италијанскиот магазин Amica Донатела рече: -Многу сум горда што можам да кажам дека Лејди Гага ми е пријателка. Јас сум мноу среќна, што таа е дел од семејството на Версаче.Модената дизајнерка, Донатела Версаче, верува дека кога нејзиниот постар брат Дани би бил жив, би бил голем обожавател