Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ ги продаде своите патики со кои настапи на финалето на Евробаскет 2017 и собраните 30.000 евра ќе ги донира за хумани цели.Играчот на Реал Мадрид на ваков чекор се решил со цел подобрување на условите за развој на млади кошаркари кои живеат во тешки финансиски услови во Словенија, објавија локалните медиуми.
„Црвените патики” кои младиот словенечки кошаркар ги носеше на сите натпревари на ЕП како и на финалето во победата над Србија се до средината на третиот период кога се повреди, ги купи една словенечка фирма која вети дека ќе ги изложи во своите простории.
Во слични акции собрани се околу 10 милиони евра кои ќе бидат искористени за помош на околу 5.000 талентирани сиромашни деца од Словенија.
Играчот на Реал Мадрид на ваков чекор се решил со цел подобрување на условите за развој на млади кошаркари кои живеат во тешки финансиски усл