Директорката на Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ – Охрид, Гордана Донеска, ја разрешила докторката Весна Фортоманова-Милеска за да го унапреди својот сопруг докторот Стефан Донески, објави Макфакс. Иако директорката тврдеше дека докторката Фортоманова-Милеска била разрешена бидејќи одела на супспецијализација, „Макфакс“ објави дека станува збор за реваншизам бидејќи ваква пракса не постоела во болницата затоа што докторката и покрај супспецијализацијата, можела да ги извршува нејзините работни обврски.
„Од медиумите дознав зошто сум разрешена. Во образложението што го добив од службеник пишуваше дека има право да ме разреши. Моментно не сум распределена на ниеден оддел“, изјавила докторката Фортоманова-Милеска во кус разговор за „Макфакс“.
Докторката Весна Фортоманова-Милеска била разрешена пред три недели, а истовремено за раководител на секторот директорката го поставила својот сопруг. „Макфакс“ објави дека директорката користи разни аршини кога во прашање се прераспределбите и разрешувањата. Докторката е на супспецијализација веќе девет месеци, а разрешувањето од функцијата било пред три недели, со што во јавноста се отвора дилема зошто докторката е разрешена токму сега.Иако директорката тврдеше дека докторката Фортоманова-Милеска била разрешена бидејќи одела на супспецијализација, „Макфакс“ објави дека