ДОЊЕЦК ГОРИ: 14 загинати, 32 ранети при гранатирањето на украинските сили

Меѓу загинатите има и две деца, а силите на самоодбрана на Донбас, тврдат дека ја држат контролата над аеродромот и дека во конфликтот загинале 200 украински војници.Украинските сили во неделата над 50 пати ги гранатираа областите на Доњецк и Горловка, а 14 лица загинале, додека 32 се ранети, соопшти министерството за одбрана на самопрогласената Доњецка Народна Република.
Борбите за аеродромот во Доњецк не престанаа ни по постигнувањето на Спогодбата од Минск, а вестите за тоа кој го држи аеродромот, се различни. Минатата недела, силите на самоодбраната ја презедоа контролата над аеродромот, а украинската војска се повлече од локацијата.
Денеска стигна веста дека украинските сили го зазеле аеродромот, а набрзо по изјавата, претседателот на ДНР Александар Захарченко, изјави за новинарите дека тоа не е вистина. Слушнете го и сами:

Доњецк уште од вчера се наоѓа под жестоко гранатирање од страна на украинската војска, која ја напаѓа и Горловка.
Генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун, изрази загриженост поради конфликтите во Украина и повика на итно прекинување на насилството. Според податоците на ОН, во конфликтите помеѓу проруските активисти и владините сили на Украина, од април се убиени над 4.800, а ранети се 10.300 лица.

BREAKING: #Ukraine army targeted Gorlovka with 500kg bombs – #Donetsk militia leader https://t.co/07h6buttvH pic.twitter.com/JAlWv6pC9i
— RT (@RT_com) January 18, 2015
Украинските сили во неделата над 50 пати ги гранатираа областите на Доњецк и Горловка, а 14 лица загинале, додека 32 се ранети, соопшти министерств

Пронајдете не на следниве мрежи: