ДОПИНГ НА МОЗОКОТ: На што се се спремни спортистите за подобри резултати?

Најновите студии се базирани на болка, депресија, меморија и учење, како и напредок во закрепнување од Паркинскова болест и инфаркт.Можат ли  спортистите да трчаат побрзо, да скокаат повисоко или да издржат уште поголеми напори од сега? Тоа е прашање што ги преокупира сите научници кои се занимаваат со развојот на спортот.
Досега, спортистите ги  зголемуваа нивните перформанси со допинг средства кои ги внесуваа во  телото, но сега на прагот е револуција што предвидува ДОПИНГ  на мозокот!
Тоа практично значи дека со одредени стимулација на мозокот и мозочните клетки спортистите ќе бидат во можност да произведат ефект да тренираат повеќе и да не чувствуваат замор, кој е всушност сигнал кој доаѓа од мозокот.
Јужноафриканскиот истражувач Тим Ноукс во доцните деведесетти, посочи дека нашиот “централен  гувернер” во мозокот спречува премногу да се доближиме до опасните апсолутни граници- на нашето тело.

Психолози оттогаш дискутираат за улогата на мозокот во одредени  навистина “максимални” напори, но суштината е јасна – не постојат граници.
– Знаеме дека има нешто во мозокот што ги  регулира телесните перформанси. Сега сакаме да видиме дали можеме со тоа да се манипулира.
– За да го направиме тоа, мора да користиме техника на  еднонасочнастимулација или TDCS, која е доста популарна меѓу истражувачите во последно време.
Овие студии се базирани на болка, депресија, меморија и учење, како и напредок во закрепнување од Паркинскова болест и инфаркт, вели познатиот истражувач Мекреј.
Минатата година, бразилски научник објави судија дека велосипедистите имаат поголема сила за 4 отсто, и побавна работа  на срцето по употребата на TDCS.

Се работи за природата на заморот. Зошто забавуваме?
Бидејќи нас во тој момент ни се чини дека не можеме да продолжиме со истото темпо. Вистината е дека тоа е механички дефект во мозокот. И кога чувствуваме неверојатна замор, нашите мускули можат да продолжат да работат – објаснува Мекреј којпотоа  направил истражување во Санта Моника.
Резултатите биле импресивни, а познатите научници веднаш почнаа да размислуваат за тоа како спортистите ќе го користи ова како допинг.
Не може детално да се открие дали лицето неодамна е мозочно стимулирана. Меѓутоа, по деталните  темелно истражувања, биле донесени и нови заклучоци, а тоа е  дека таквите појави не се јавуваат само под влијание на електрична енергија, туку и  човечкиот мозок е во состојба сам да  репродуцира таков начин на размислување, но во многу многу мал број на случаеви.Можат ли  спортистите да трчаат побрзо, да скокаат повисоко или да издржат уште поголеми напори од сега? Тоа е прашање што ги преокупира сите

Пронајдете не на следниве мрежи: