Весникот „Сандеј тајмс“ објави интервју кое сигурно ќе предизвика лавина коментари и дискусии во наредните денови.Британскиот лекар Марк Бонар, во интервјуто тврди дека им помогнал на над 150 спортски ѕвезди, најмногу од нив фудбалери да се допингуваат последните години.
Конкретни имиња засега нема, но во интервјуто се спомнува дека се засегнати англиски репрезентативци во криктет, британски велосипедисти, шампион во бокс, тенисери и фудбалери од Премиер лигата.
Сега за сега, овие недозволени средства тешко дека можат да бидат откриени од светската антидопинг организација, ВАДА, но секако ќе предизвикаат лавина од реакции и испитувања.
Иако ова сѐ уште се неофицијални информации, „Сандеј Тајмс“ донесува дека Бонар соработувал со фудбалери од Лестер, кој е лидер на табелата во Премиер – лигата, како и од Арсенал, Челзи и од Бирмингем.
Ова секако би бил неверојатен скандал доколку се докаже дека приказната е вистинита, а се очекува во најбрз можен рок да реагира и Фудбалската Асоцијација на Англија.
Имињата на спортистите засега се држат во тајност, но можно е многу брзо да почнат да излегуваат во јавноста првично како шпекулации, а потоа и навистина да се истражува комплетно овој скандал.
Британскиот лекар Марк Бонар, во интервјуто тврди дека им помогнал на над 150 спортски ѕвезди, најмногу од нив фудбалери да се допингуваат последни