Џорџ Клуни ја изневерил својата девојка со хрватска презентерка

Еден од најголемите холивудски заводници, Џорџ Клуни, ја изневерил својата девојка Стејси Киблер со Хрватката Моника Јакшиќ.
Тие се состанале во Лондон, каде манекенката живее со години.
Според бритаскиот магазин In Touch, познатиот актер е виден во интимно дружење со убавата манекенка и презентерка.
„Џорџ Клуни и неговата поранешна девојка, хрватскиот модел Моника биле заедно во Лондон и се држеле за раце”, пишува магазинот In Touch.
Исто така, во магазинот навеле дека Клуни не се грижел кој гледа во нив и дека отворено ја покажувал љубовта према Моника.
Но, во текот на денот Клуни ја демантирал веста за порталот Gossip Cop, додавајќи:
„Приказната е измислена. Со никој не сум се држел за рака. Престанете да ги продавате весниците, со  измислени скандали таму каде што ги нема”.
Во Фебруари беа објавени ексклузивни фотографии каде манекенката и Џорџ Клуни се бакнуваат и прегрнуваат.
„Јас и Џорџ се слушаме и дружиме. Јас го обожавам, тој е супер човек. Сака да се шегува многу, има големо срце и е шармантен. Тој е вечен ерген, но ако еден ден одлучи да се ожени и ми дојде со прстен, не би му рекла не“- изјавила тогаш манекенката.Еден од најголемите холивудски заводници, Џорџ Клуни, ја изневерил својата девојка Стејси Киблер со Х

Пронајдете не на следниве мрежи: