Џорџ Клуни ја продаде својата текила

Лондонската фирма Диагео го купи брендот текила „Касамигос“ за 700 милиони долари, таа сума во наредните 10 години би можела да порасне за уште 300 милиони долари.Џорџ Клуни, Ранде Гербер и Мајкл Мелдман го продадоа својот бренд текила „Касамигос“ на лондонската фирма Диагео. Тројцата партнери однапред добиле 700 милиони долари, а во текот на следите десет години, зависно од тоа колкава заработка ќе им донесе брендот на новите сопственици, сумата би можела да порасне на уште 300 милиони долари.
Во Диагео не мислат дека од Касамигос ќе заработат нешто во првите четири години, туку тек после тоа очекуваат профит.
Да не прашавте пред четири години дали имаме компанија вредна милијарда долари, би кажале дека немаме. Овој потег ја покажува вербата на Диагео во нашата компанија и нашата верба во Диагео. Сепак, ние не одиме никаде и понатаму ќе бидеме дел од Касамигос. И тоа почнувајќи со чашка вечерва. Можеби две, кажа Џорџ во изјава со која ја потврди продажбата на брендот.

Сите тројца основачи ќе останат дел од брендот Касамигос.
Троецот тврди дека во работата со текила влегле случајно откако Ранде и Џорџ во текот на одморот во Мексико се заинтересирале за производството на текила, а во тоа им се придружил и Мајкл. На почетокот планирале текилата да ја произведуваат само за себе, семејството и пријателите, но откако морале да извадат лиценца да би можеле да произведуваат алкохолен пијалок, одлучиле да го продаваат. Сега од своето хоби убаво и заработија.
 Џорџ Клуни, Ранде Гербер и Мајкл Мелдман го продадоа својот бренд текила „Касамигос“ на лондонската фирма Диагео. Тројцата партнери одн

Пронајдете не на следниве мрежи: