Многу се оние кои веќе цел месец го критикуваат изборот на глумецот Бен Афлек за улогата на Бетмен, па така конечно се огласи и Џорџ Клуни, кој според сопственото признание, сериозно го загрозил серијалот за херојот од Готам.-Јас сум последната личност која може да коментира било кој во улогата на Бетмен, затоа што јас сум тој кој толку ужасно ја уништи улогата- вели Клуни.
-Сакам да ги набљудувам работите на свој начин-ајде да почекаме да се појави филмот, пред сите да сечеме со критики. Афлек е паметен човек, тој добро знае што прави- додаде глумецот.
Клуни го играше Бетмен во 1997 година, во филмот Бетмен и Робин, кој беше оценет како еден од најлошите во серијата филмови за овој супер херој.
Филмот беше номиниран за 11 Златни малини кои се доделуваат за најлошо филмско остварување.-Јас сум последната личност која може да коментира било кој во улогата на Бетмен, затоа што јас сум тој кој толку ужас