Џорџ Лукас за смислата на животот

Кога една фрустрирана млада девојка го прашала најбрилијантниот човек во светот зошто сме живи, Ајнштајн одговорил во пет потресни линии. Ова прашање – во срцето на оние кои се загрижени со смислата на животот – беше одговорено од страна на многу други големи умови. Но еден од најдлабоките одговори доаѓа од легендарниот режисер на „Star Wars“, Џорџ Лукас. За смислата на животот: Рефлексии во зборови и слики „Зошто сме тука“ – таа извонредна 1991 антологија која ни дава вечна медитација за постоењето на голем број на извори на светлина – Лукас користи автобиографска анегдота како отскочна штица за поголема медитација за смислата на животот и нашата најдобра шанса за постигнување на нејзиниот целосен потенцијал:
Кога имав осумнаесет години доживеав автомобилска несреќа и бев близу до смртта. Бев всушност однесен од местото на настанот, прертпоставувајќи дека сум мртов и тоа траеше се додека не стигнавме до болница, кога лекарите го повратија моето чукање на срцето и ме вратија во живот. Ова е вид на искуство во кое многу луѓе веруваат. Но сфатив дека повеќето од моите заклучоци еволуирале за набљудување на животот од тоа време. Ако дојдов за да знам се, тоа е дека овие прашања се непознати за нас како што се за едно дрво или за една мравка.

Научниците кои многу години ги проучувале митовите и религијата и ги поврзувале сите теории низ годините за животот и свесноста и кои ги тргнале настрана површните теории, излегле со ист сензибилитет. Тие се обидуваат да го персонифицираат и да се справат со тоа на различни начини. Но се чини дека сите се сложуваат со фактот дека животот не може да се објасни. Единствената причина за живот е живот. Нема зошто. Ние сме. Животот е надвор од разумот. Некој би можел да размислува за животот како голем организам, тоа и сме, но мал симбиотички дел од тоа.
Можно е на духовно ниво сите да сме поврзани на начин кој продолжува надвор од доаѓањата и заминувањата на различни форми на животот. Мојата најдобра претпоставка е дека ние го делиме колективниот дух или силата на животот или свеста која ги опфаќа и оди надвор од индивидуалните форми на животот. Има дел од нас кој се поврзува со другите луѓе, се поврзува со другите животни, се поврзува со растенијата, се поврзува со планетата, се поврзува со универзумот. Јас не мислам дека можеме да го разбереме преку било кој вид на вербални, напишани или интелектуални средства. Но верувам дека сите го знаеме ова, дури и ако тоа е на ниво надвор од нашите нормални свесни мисли.
Ако имаме значајно место во овој процес, тоа е да се обидеме да ги собереме во здрав, симбиотички однос со другите сили на животот. Сите, во крајна линија, се обидуваме да постигнеме хармонија со другите делови на силата на животот. Во обидот да дознаеме што е животот за сите нас, ние на крајот доаѓаме до израз на сочувство и љубов, помагајќи им на остатокот од силите на животот, се грижиме за другите, без било какви услови или очекувања, без притоа да очекуваме да добиеме нешто за возврат. Ова е изразено во секоја религија, од секој пророк.Но еден од најдлабоките одговори доаѓа од легендарниот режисер на „Star Wars“, Џорџ Лукас. За смислата на животот: Рефлексии во зб

Пронајдете не на следниве мрежи: