Џорџ Сорос се соочува со тужба од 10 милијарди долари за политичко влијание

Самопрогласениот хуманитарец и милијардер Џорџ Сорос, се соочува со тужба тешка 10 милијарди долари за мешање во внатрешните политики на афрички земји. Фоксњуз пишува дека оваа тужба го рефлектира неговиот познат начин на оперирање во сиромашни земји, за остварување на свои цели и интереси.86 годишниот инвеститор, кој покрај неговото огромно финансиско богатство, контролира и голема мрежа на непрофитни организации, според тужбата, ги искористил своите врски со владата на Гвинеа да ја отргне израелската компанија БСГ Рисорсес од склучување договор за лукративен рударски бизнис. Тужбата била поднесена минатиот месец до федералниот суд во Њујорк, од страна на израелската компанија.
Во овој случај, израелската компанија, контролирана од милијардерот Бени Штајнмец, го тужи Сорос дека со нудење мито ја изнманипулирал администрацијата на претседателот на Гвинеја, Алфа Конде, и спречил израелската компанија да го добие рударскиот договор. Штајнмец вели дека, Сорос бил мотивиран од непријателството кон Израел и 20 годишната кавга меѓу двајцата милијардери, поради изгубен бизнис во Русија.
„За Сорос, успехот на Штајнмец, како и неговата активна промоција на Израелскиот живот, бизнис и култура се анатеми. Сорос е добро познат по неговиот долгорочен анимозитет спрема израелската држава. Ќе се обидеме со сите правни мерки на наше располагање да ги спречиме ваквите псевдо-граѓански шпионски групи на Џорџ Сорос“, вели Штајмац.
Ова не е првпат Сорос да биде обвинет за сеење на политички преврати, за остварување на своите цели и агенди. Критичарите од целиот свет, пишува Фоксњуз, велат дека инвеститорот често парадира како хуманитарец, додека ja манипулира политичката сфера.
Во 2002, Сорос беше осуден во Франција за инсајдерско тргување, за купување акции на компании, кои претходно биле под капата на властите, вклучително и банката Сосиете Женерал, водејќи се според доверливи информации. Сорос исто така беше обвинет за злоупотреба на Институтот Отворено Оштество и дипломатските врски со САД за мешање во внатрешно политичките работи на Македонија, пишува Фоксњуз.86 годишниот инвеститор, кој покрај неговото огромно финансиско богатство, контролира и голема мрежа на непрофитни организации, според тужбата, ги

Пронајдете не на следниве мрежи: